Што пишуваат светските медиуми за ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Dogovor mediumi

„Република Северна Македонија е родена денес“, со констатација на задоволство изјави премиерот на Република Грција, по гласањето за ратификација на Договорот од Преспа, кое се оддржа денес попладне.

 

Оваа информација од светските медиуми беше пречекана како знак за потврда на Западот во Балканот наспроти руското демонстрирање незадоволство, а според многу аналитичари и политичари и мешање во билатералниот спор и напорите да се надмине ова прашање кое долго време ја попречуваше целосната интеграција во НАТО и ЕУ на Западен Балкан. Македонија се качи на европскиот воз со соседски подадена рака од Грција.

Еве како известија некои од светските агенции и медиуми за ратификацијата на договорот во грчкиот парламент.

Грците го одобруваат договорот за преименување на Македонија, во победата за Западот (Њујорк Тајмс)

Надминувањето на руското мешање на Балканот и интензивното противење на домашната опозиција, го потврдија грчките пратеници со гласањето за отстранување на историските антагонизми и признавање на новоименуваната нација на Северна Македонија, во ретка победа за Европската унија и НАТО.

Со 153 наспроти 146 гласови од грчкиот парламент, во суштина, се расчистува патот за северниот сосед на Грција, со новото име, за членство во НАТО и потенцијално европскиот блок, зајакнувајќи го местото на Западот на Балканот и противењето на Москва.

Претставникот на ОН ја поздравува ратификацијата на Грција за договорот за промена на името (Синхуа )

Метју Нимиц, претставникот на ОН, кој посредуваше со договор меѓу Грција и Македонија за нивниот спор околу името на земјата, го поздрави ратификувањето на грчкиот Парламент на овој договор.

“Го поздравувам ратификувањето на Преспанскиот договор од страна на Парламентот на Грција. Сакам да го поздравам Парламентот и владата на Грција за овој визионерски чекор”, рече Нимиц во изјавата.

“Овој историски договор меѓу двајца соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и ги воведува во нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот”, додаде личниот претставник на генералниот секретар на ОН за прашањето за името.

Македонија и Грција: Гласањето го реши 27-годишниот спор околу името ( БИ-БИ-СИ)

Грчкиот парламент гласаше тесно, за да го поддржи историскиот договор со кој заврши 27-годишниорт спор околу името на нејзиниот северен сосед.

Парламентот во Атина се согласи со 153 гласови спроти 146 за да го одобри името Република Северна Македонија, и покрај големото противење од јавноста.

“Северна Македонија е родена денес”, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грција го отфрли името на Македонија од нејзината независност во 1991 година, бидејќи постои грчки регион со тоа име.

Неуспехот да се најде соодветно име значи дека Грција долго ја попречуваше желбата на Македонија да се приклучи на НАТО и на Европската Унија.

Опозицијата за договорот е најсилна во северниот грчки регион Македонија, а анкетите покажуваат дека на повеќе од 60 отсто од Грците не им се допаѓа решението.

Илјадници луѓе протестираа пред Парламентот во четвртокот вечерта, но многу помал број се бореа со поројниот дожд денес, кога се одржа гласањето.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×