Бил Гејтс: Што сакав кај Пол Ален?
Објавено на од во Економија

По веста дека починал Пол Ален, еден од ко-основачите на Мајкрософт и човекот кој се смета за еден од оние кои го предвиделе Интернетот, Бил Гејтс, кој заедно со него го основаа Мајкрософт, на својот блог емотивнo се збогуваше со Ален за кој вели дека му го сменил животот. Го пренесуваме во целост:

“Пол Ален, еден од моите најстари пријатели и првиот деловен партнер што го имав, почина вчера. Сакам да им изразам сочувство на неговата сестра, Џоди, неговото пошироко семејство и неговите бројни пријатели и колеги ширум светот.

Го запознав Пол кога бев 7-мо одделение, и тоа ми го смени животот.

Веднаш ми падна во очи. Тој беше две години пред мене во училиште, навистина висок, и се покажа како гениј со компјутери. (Подоцна, имаше и многу кул брада, која никогаш не можев да ја имам јас). Почнавме да се дружиме, особено откако првиот компјутер стигна во нашето училиште. Го потрошивме речиси целото слободно време што го имавме со било кој компјутер кој можеше да ни дојде во рацете.

paul-allen-memoriam_2018_inline1_800px_v1

Тука сме во училиште. Тоа е Пол од лево, нашиот пријател Рик Вајланд, и јас на десната страна.

Пол претпоставил дека компјутерите ќе го променат светот. Дури и во средно училиште, пред било кој од нас да знаеше што е персонален компјутер, предвиде дека компјутерските чипови ќе станат супер моќни и на крајот ќе доведат до создавање една нова индустрија. Тој негов став беше камен темелник на сето она што го направивме заедно.

Всушност, Мајкрософт никогаш нема да се случи без Пол. Во декември 1974 година, двајцата живеевме во областа на Бостон – тој работеше а јас отидов на колеџ. Еден ден дојде и ме зеде, инсистирајќи да отидеме до најблискиот киоск. Кога пристигнавме, ми го покажа јануарското издание на Популарна електроника каде што имаше напишано за новиот компјутер наречен Altair 8800, кој работеше на нов моќен чип.

Пол ме погледна и ми рече: “Ова се случува без нас“. Тој момент го означи крајот на мојата колеџ кариера и почетокот на нашата нова компанија “Мајкрософт”. И тоа се случи поради Пол.

Како прва личност со која некогаш сум соработувал, Пол постави стандарди што само неколку луѓе можеа да ги следат. Имаше широко отворен ум и  посебен талент за објаснување на сложените теми на едноставен начин. Бидејќи имав доволно среќа да го знам од толку млада возраст, го видов тоа пред светот да го види. Како тинејџер, бев љубопитен за бензинот. Што значи “рафинирањето”? Се свртев кон тој што најмногу знаеше. Пол го објасни тоа на супер јасен и интересен начин. Тоа беше само еден од многуте просветлувачки  разговори што ги имавме во наредните децении.

Пол беше далеку по кул од мене. Беше голем обожавател на Џими Хендрикс како тинејџер, и се сеќавам како ми ја свиреше Are you experienced. Тогаш не бев искусен во многу работи, a Пол сакаше да ја сподели оваа неверојатна музика со мене. Таква личност беше. Тој го сакаше животот и луѓето околу него, и тоа го покажа.

paul-allen-memoriam_2018_inline2_800px_v2

Спортот беше уште една страст што Пол сакаше да ја сподели со своите пријатели. Во подоцнежните години ме однесе да ги гледаме неговите омилени Portland Trail Blazers и трпеливо ми помогна да разберам што се случуваше на теренот.

Кога мислам на Пол се сеќавам на еден страстен човек кој многу ги сакаше своето семејство и пријатели. Исто така, се сеќавам на брилијантен технолог и филантроп кој сакаше да постигне големи работи, и постигна.

Пол заслужи повеќе време во животот. Ќе ми недостига неверојатно многу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×