Што лидерите можат да научат од Сандерс за како да ги придобијат младите?
Објавено на од во луѓе и компании

Да речеме дека вие сте работеле напорно и сте направиле многу жртви за да стигнете до успех. И сега конечно вашите напори се исплатија и вие станавте лидер во организацијата.

Ако вие сте од генерацијата позната уште како Baby Boomers (родени помеѓу 1946-1964 година) па дури и од генерацијата Generation X (1965-1980), веројатно сметате дека токму кога ќе ја добиете лидерската улога треба повеќе да блеснете. Па затоа веројатно ќе купите подобри чевли. Ќе земете часови за подобра презентација. Ќе научите на памет многу податоци и информации.

Но, кога сето ова ќе им го презентирате на групата наречена Generation Y или Millennials (родени меѓу 1981-1995) ќе се изненадите колку погрешно е тоа. Тие ќе гледаат во нивните телефони. Ќе гледаат во празно. А потоа ќе прашуваат куп непристојни прашања.

sandersЗа да работите со генерацијата Millennials, вам ви е потребен поразличен пример: не политичар со перфектна фризура и добро одело, туку некој како Барни Сандерс, актуелниот кандидат за претседател на САД.

Сандерс е најголемо изненадување во оваа претседателска кампања. Тој има одлична поддршка меѓу Демократите, а особено  меѓу генерацијата која е наречена The Millennials. Според последните анкети во САД, објавени во The New York Times, 87% од младите на возраст 18-29 рекле дека ќе гласаат за Сандерс, споредено со 13% кои би ја поддржале Клинтон.

Но, што можете вие да научите за оваа генерација од Барни? Еве 5 лидерски лекции:

Бидете она што сте. Не се обидувајте да се спакувате во нешто неавтентично. Сандерс е 74 години. Тој воопшто не се труди да направи нешто за да изгледа помлад или поинаков од тоа што е.

Бидете искрени. Како што еден 18 годишен студент рече „Сандерс е во таа доба од животот кога тој навистина го кажува она што го мисли“.

Конектирајте се на лична основа. За да им веруваат на лидерите, луѓето имаат потреба да веруваат дека тие нив ги разбираат како размислуваат – и дека искрено се грижат за нив.

Не се претставувајте премногу сериозно. Сандерс не се плаши да направи шега на своја сметка и да се смее кога некоја ситуација е навистина смешна.

Вложете сѐ. Сандерс знае дека ова е неговата голема шанса, па затоа дава сѐ што има. Потенцијалните гласачи можат да ја почувствуваат неговата посветеност, па на тоа одговараат со многу енергија и ентузијазам.

thegenerations

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×