Што значи победата на Сириза за еврото?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Утрово по победата на Сириза еврото во однос на доларот падна на 1,109, што е повеќе од 11 годишен минимум на европската валута во однос на доларот.

Сите поважни европски берзански индекси на берзите во Лондон, Франкфурт и Атина бележат пад. Акциите на Банка Пиреа денес отворија со 16% помала вредност, а Националната банка на Грција со 10% пад на акциите.

Каматата на грчките обврзници се покачи за половина процентен поен, а покачување забележаа и обврзниците на Шпанија и Португалија.

Изборите во Грција се втор удар врз еврото по минатонеделната одлука на ЕЦБ да ја отпоче програмата за откуп на обврзници и пуштање на пари во оптек во обид да ја зголеми инфлацијата и да ја заживее економијата.

За земја со релативно мала економија и пазар на капитал, Грција продолжува да има огромно влијание врз инвеститорското расположение во целиот свет.

Победата на Сириза на вчерашните избори е уште еден шок од Грција кој ги потресе инвеститорите во светот.
Левичарската Сириза предводена од Алексис Ципрас е против мерките за штедење кои им беа наметната на задолжените европски земји откако започна финансиската криза. Тој се залагаше за преговарање на условите со грчките кредитори. Ова барање на Сириза за повторно редоговарање на условите за грчкиот долг ги зголемува стравовите кај инвеститорите од можен излез на Грција од еврозоната. Но, сепак повеќето веруваат дека Ципрас на крајот ќе направи и прифати компромиси за да го спречи излезот на Грција од еврозоната.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×