Штрајк на морнарите во Грција, илјадници туристи „заробени“ на островите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грчките фериботи и други патнички бродови останаа денес во пристаништа, бидејќи морнарите влегоа во еднодневен штрајк, барајќи повисоки плати.

брог гр страјкСиндикатот PNO, барајќи плата во согласност со колективниот договор, започна штрајк, оставајќи илјадници туристи „заробени“ и бројни острови изолирани  во тек на 24 часа.

Неколку десетици грчки острови немаат аеродроми и може да се стигнат само по морски пат.

Здружението за превоз на патници изрази изненадување кога беше закажан штрајк кон крајот на јуни, наведувајќи дека оваа година понудило  зголемување на платите за два проценти, со ретроактивно зголемување од два проценти за претходната година.

Вели и дека таквото покачување е над реалните можности на здружението, бидејќи горивото поскапело за 50%, објави АП.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×