Шулц бара ЕУ да се претвори во Соединети европски држави до 2025 година
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лидерот на германската Социјалдемократска партија, Мартин Шулц, повика на потесна интеграција во Европската унија, со цел да се постигне идејата за Соединети европски држави до 2025 година.

За време на партиски конгрес, Шулц изјави дека сака ЕУ да договори нов договор, што ќе создаде федерална Европа, која ќе може да дејствува заедно во области како внатрешна и надворешна безбедност, даночни и монетарни прашања, бегалци и меѓународен развој.

„Овој уставен договор треба да биде претставен во сите држави членки, и оние кои не се согласуваат автоматски треба да ја напуштаат ЕУ“, смета Шулц.

Според неговите зборови, европските вредности се системски поткопани во Полска, и Европа не може да направи ништо по прашањето. Шулц смета дека Унгарија сѐ повеќе се оддалечува од Унијата, вклучително и преку големите зделки со Кина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×