Швајцарија е најдобра држава за живеење, посочува американско истражување
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Швајцарија ја предводи годишната листа на најдобри држави во светот за живеење, објавена од американското списание U.S. News & World Report. Швајцарија е прва поради граѓанското општество, бизнис климата и квалитетот на животот.

Во првите пет следат Канада, Велика Британија, Германија и Јапонија, а десетката најдобри земји за живеење ја заокружуваат Шведска, САД, Австралија, Франција и Норвешка.

На дното на листата со 80 држави се Алжир, Иран и Србија.

Македонија ја нема на овој список, а од регионот тука се Грција на 29 место, Хрватска на 49, Словенија на 53, Бугарија на 63 место.

Листата се оформува според анкета спроведена на примерок од 21.000 граѓани од 36 држави од сите региони во светот. Од нив се бара да ги оценат осумдесетте држави според неколку параметри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×