Швајцарија ja крати државнaта потрошувачка заради лошите ефекти од силниот франк
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Додека медиумите објавуваат за претстојниот референдум кој ќе се одржи во Швајцарија на кој граѓаните треба да гласаат за воведување на основен доход, според кој државата треба на секој полнолетен граѓанин да му плаќа 2.500 франци месечно, многу малку медиуми информираат дека швајцарската влада одлучи повторно да ја намалува државната потрошувачка.

SvajcarijaСпоред планот кој беше објавен вчера, се предвидува државната потрошувачка во Швајцарија во следните три години да се намалат за 800 милиони до милијарда швајцарски франци со цел да се ублажат последиците од слабите приходи од даноци, кои се последица на негативното влијание на силниот франк врз економијата.
Швајцарската влада годинава веќе ја скрати планираната државна потрошувачка за милијарда франци. Според новиот план се предвидува намалување на трошењата на државата кај речиси сите ставки, освен кај одбраната и социјалните давачки. Најголем терет при кратењето на трошоците ќе падне на образованието, истражувањата и надворешните работи, кои во последно време бележат силен раст.

Швајцарската влада во февруари годинава објави дека во 2017 година очекува буџетски вишок од околу 50 милиони франци.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×