Швајцарија казни пет водечки светски банки
Објавено на од во Економија
Банките се казнуваат за тајно преговарање и поставување стапки на девизниот пазар во вредност од повеќе од илјадници долари.
morganШвајцарската комисија за конкуренција (WEKO) изрече парична казна во износ од 90 милиони швајцарски франци (90,5 милиони долари) за петте најголеми глобални банки во земјата поради заговор и одредување на девизниот курс на девизниот пазар во вредност од неколку илјади милијарди долари, пренесува Ројтерс.
Беа казнети банката Баркли, Ситигруп, ЈП Морган, Кралската банка на Шкотска и јапонската банка MUFJ, пренесува Танјуг.
Казните од швајцарските регулатори доаѓат само три недели откако Европската комисија изрече казна на оваа група банки во вкупен износ од 1,07 милијарди евра (1,2 милијарди долари), потсетува Ројтерс.
WEKO соопшти дека утврдила “неколку аранжмани меѓу банките од кои при тргувањето со девизите се кршат прописите за заштита на конкуренцијата”.
Петте банки биле во неформални разговори за координирани трансакции на пазарите за десет валути, вклучувајќи го и доларот, еврото, фунтата, јенот и франкот.
Највисока казна беше наметната на американската банка Ситигруп од 28,5 милиони франци.
Британската банка „Баркли“ беше казнет со 27 милиони франци, Кралската банка на Шкотска со 22,5 милиони евра, ЈП Морган со 9,5 милиони и Јапонски МУФЈ со 1,5 милиони франци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×