Сигналите за следната финансиска криза
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

38Некои околности укажуваат на времето пред банкрот на Леман, како пример долгот, апетитот за ризик и феноменот на стадо. Така на пример, долговите на бизнисот, домаќинствата и земјите во светот денес се повисоки отколку во 2007 година. Дополнително, банките одобруваат кредити под релативно полабави услови.
Меѓу 2008 година и 2018 година глобалниот долг се зголемил од 210% до 250 % од светскиот Бруто внатрешниот производ (БДП)
Некои економии во подем се во неволја: Аргентина е загрозена од банкрот на државата, довербата во турската лира е потресена. Италијанската влада троши повеќе пари отколку што има и со тоа ги предизвикува сите инвеститори кои досега купиле италијански државни обврзници. А банкарските бонуси на Волстрит растат.

 

“Има многу голем долг во светот”, а генерацијата на денешните 50 годишни луѓе ќе преживее”најмалку уште две други финансиски кризи”. Оваа прогноза минатата недела ја даде поранешниот претседател на Федералните резерви на САД, Пол Вокер и предупреди дека “десет години по банкротот на Леман Брадерс, старите навики на финансискиот свет за заобиколувањена правилата за измама и лобирање се прекинуваат.
Мислењата и ставовите на овој банкар со големо искуство во работењето на централните банки наскоро ќе бидат објавени во книга. Вокер успешно ја победи инфлацијата во 80-те години на минатиот век преку непопуларни зголемувања на каматните стапки. Строгата банкарска регулатива во САД воведена во 2008 година откако избувна финансиска криза во 2008 година, сега се омекнува и разлабавува по насоки на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Што се случува во финансискиот свет? Акциите, обврзниците,валутите, стоковите пазари беа многу нервозни во текот на октомври. На пример американски берзи се соочија со големи придвижувања и промени. Големите промени најчесто покажуваат дека инвеститорите се загрижени за своите пари.
Индексот DAX можеби за првпат од 2011 година ќе покаже пад. Во тоа време, должничката криза во еврозоната беше во полн ек. Во САД економијата расте веќе 10 години по ред. Веројатноста од пад се зголемува после секој ден кога на економијата и оди добро.

Уште библиското правило дека после раст следи пад никогаш досега не било побиено. Соодносот цена на акција/ печалба во САД е толку висока, колку што изнесувала во годините на финансиската криза од 1929 година и почетокот на 2000 година. Тогаш дојде катастрофата.

Некои околности укажуваат на времето пред банкрот на Леман, како пример долгот, апетитот за ризик и феноменот на стадо. Така на пример, долговите на бизнисот, домаќинствата и земјите во светот денес се повисоки отколку во 2007 година. Дополнително, банките одобруваат кредити под релативно полабави услови.38i
Некои економии во подем се во неволја: Аргентина е загрозена од банкрот на државата, довербата во турската лира е потресена. Италијанската влада троши повеќе пари отколку што има и со тоа ги предизвикува сите инвеститори кои досега купиле италијански државни обврзници. А банкарските бонуси на Волстрит растат. “Финансиските банкроти брзо се забораваат”, напиша економистот Харвард Џон Кенет Галбрајт пред речиси 30 години. “Постојат неколку области на човечка активност, во кои што историјата е помалку почитувана отколку во светот на пари, каде што “сличните околности ги слават младите, новите и самоуверени генерации како брилијантни откритија”, рече Галбрајт. Стигнавме ли одново до тој момент?

Одделот за економија на Банката на меѓународни порамнувања (БИС) во Базел ужива добра репутација. Поранешниот главен економист на БИС, Вилијам Вајт предупреди за падот на финансискиот пазар во 2005 година.Никој не сакаше да го послуша тогаш. Во најновиот извештај на БИС експертите се повторно многу загрижени. Според овој Извештај, ниските каматни стапки на централните банки создаваат ”зомби компании”, кои едвај би работеле нормално при нормално ниво на каматни стапки. Светот се навикна на евтините пари. Крајот на тоа “прекумерно стимулирање” нема да биде така мазен. Неодамнешните шокови на берзите се израз на “претсмртните симптоми на пациентот”. Севкупно, има “премногу долг”, предупредуваат од БИС.

Бројките се застрашувачки: Помеѓу 2008 и 2018 година, глобалниот долг се зголемил од 210% на 250% од светскиот Бруто домашен производ.

Банките и инвеститорите во 2017 година имале долг во износ од 2,5 трилиони долари – два пати повисок отколку во 2007 година. Во истото време обемот на кредитите со разлабавени услови се зголемил од 97 милијарди долари во 2007 година на 375 милијарди долари. Полабавите клаузи означуваат дека кредитобарателот треба да располага со помалку

Порелаксираните клаузули значат дека заемопримачот треба да има помалку колатерал за неговиот кредит или да нема колатерал, ако профитот на должникот драстично се намали.

Многумина веруваат дека оваа состојба е опасна. “Распространетиот феномен на полабави кредитни услови само по себе не е знак на криза”, вели Михаел Ханселер, управувачки директор нафондот Assenagon
Тој предупредува да не се крева преголема паника. Банките навистина ги разлабавиле условите за да даваат полесно заеми, но тоа не значи дека компаниите кои ги добиле парите се помалку стабилни.

Доходовноста на европските бизниси се уште е многу здрава, соодносот на долгот со години се намалува. Ако се стигне до криза, послободните кредитни клаузули во најдобар случај ќе ги ограничат штетите. Тогаш банките треба да им помогнат на фирмите за да не влезат во поголеми проблеми.

Секој регион си има свои специфични проблеми. Во Кина тоа се долговите на економијата како целина, во земјите во развој тоа се кредитите во странска валута, во САД тоа е економското прегрејување, а во Европа-нестабилноста на еврозоната, како и големите државни долгови.

Едно е сигурно-банките денес можат да се справат со загубите многу подобро отколку пред финансиската криза. Новите Базел 3 бараат значително повисоки капитални бафери.

Сепак, ќе биде проблематично ако приходите на банките почнат да паѓаат, а во исто време расходите се зголемуваат, на пример поради зголемените кредитни загуби. Но, во овој момент се уште нема опасност за тоа. опасност от това.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×