Силната американска економија предизвика крах на берзите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Stocks Rise After Federal Reserve Announcement Of Rate HikeАналитичарите објаснуваат падот на берзите дојде после долгиот период на рецесија и бавното опоравување на американската економија, која во последно време почна да расте посилно од очекувањата, па пазарите едноставно ја предвидуваат реакцијата која ќе следи од Американските федерални резерви, која ќе ги зголеми каматните стапки по податоците за поголема потрошувачка и силниот раст на платите, а со тоа и на инфлацијата.

 

Во понеделникот и вторникот цените на акциите на најголемите берзи во светот преживеаја голем пад. Прво падот почна на Wall Street. Индустрискиот индекс Дау Џонс на Њујоршката берза имаше најголем дневен пад од светската финансиска криза од 2008 година од 4,6%.
Падот на акциите од Њујоршката берза во вторникот се прелеа и на азиските и европските берзи. На Токиската берза индексот Nikei падна за повеќе од 5,5%, додека цените на акциите во Шангај, Сингапур, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг паднаа помеѓу 1,6% и 4,3%.
Не европските берзи цените на акциите исто така забележаа пад од 1,8% до 2,05%.

Зошто дојде до вака голем пад на цените на акциите само во еден ден?

Економистите објаснуваат дека светските берзи веќе подолго време силно растат, при што на Wall Street и многу други пазари индексите достигнаа историски највисоки нивоа, благодарение на стабилниот раст на светската економија, ниската цена на парите и растот на заработките на компаниите.

Со оглед на долготрајниот раст на пазарите, корекцијата на цените на акциите беше на некој начин очекувана, а овој пат беше поттикната од податоците од американскиот пазар на работна сила објавени во минатиот период, кои покажаа дека вработеноста и платите силно растат. Стравувањата се дека тоа би можело да го поттикне растот на потрошувачката и инфлацијата, па тогаш американската централна банка би можела да го забрза темпото на зголемување на камати, што ќе значи и поскапо задолжување за инвеститорите.
Американските федерални резерви минатата година во три наврати ги зголеми клучните каматни стапки за по 0,25 процентни поени, а се очекува дека оваа година дополнително ќе ги зголеми каматите во два или три наврати, почнувајќи од март. Заради тоа, деновиве приносите на 10-годишните американски обврзници дополнително се зголемија на 2,88%, што е нова највисока вредност во последните четири години, додека на крајот на 2017 година приносите изнесуваа 2,41%.

Поголемите приноси на обврзниците им штетат на акциите, бидејќи поголемите приноси значат дека растат трошоците за задолжување на компаниите, па затоа вредноста на нивните акции паѓа. Покрај тоа, поголемите приноси стануваа атрактивна алтернатива за инвеститорите, кои би можеле да повлечат дел од парите вложени во акции за да купат посигурни американски обврзници, на кои ќе имаат поголем принос во споредба со претходно.

“Вестите од САД зборуваат дека американската економија е посилна отколку што се очекуваше. Затоа е донекаде иронично што оваа пазарна корекција е предизвикана од позитивни економски вести”, вели Дејвид Куо, директор на фирмата за финансиско советување Мотли Фул.

Трамп

Со доаѓањето на Доналд Трамп на власт платите и работните места почнаа да растат посилно отколку што се очекуваше, што ги подгреа стравовите од повисока инфлација.

Дека станува збор за тренд во кој инвеститорите ги заменуваат поризичните вложувања во акции со обврзници во очекување на повисоки каматни стапки потврдува и Ерин Гибс од компанијата S&PGlobal Market Intelligence.

“Ова не е никаков колапс на економијата. Ова не е загриженост дека ситуацијата на пазарите не е добра. Оваа ситуација е предизвикана од загриженоста дека економијата расте многу посилно од очекувањата и затоа е потребна одредена реевалуација на пазарите”, објаснива Гибс.

Најпластично тоа го објасни американски економски нобеловец и коментатор на Њујорк Тајмс, Пол Кругман.

“Кога зборувате за берзите, морате да имате на ум три работи. Прво, берзите не се економија. Второ, берзите не се економија. И трето, берзите не се економија. Краховите на берзите нужно не ни кажуваат каква ќе биде иднината на економијата”, вели Кругман, кој додава дека сепак некои трендови се видливи од овој крах.

“Сметам дека на Америка во најмала рака и следи пад на економскиот раст. Постојат индикатори кои покажуваат дека вредноста на акциите, но и на обврзниците и недвижностите е преценета. Корекцијата на вредноста би можел да биде болен”, смета Кругман.

Значи накратко, падот на берзите дојде после долгиот период на рецесија и бавното опоравување на американската економија, која во последно време почна да расте посилно од очекувањата, па пазарите едноставно ја предвидуваат реакцијата која ќе следи од Американските федерални резерви, која ќе ги зголеми каматните стапки по податоците за поголема потрошувачка и силниот раст на платите, а со тоа и на инфлацијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×