Силно критички извештај на ЕК за напредокот на Турција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Значителен пад“ во слободата на говорот – „селективни и произволни“ судски одлуки – се вели во силно критичкиот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Весникот забележува дека во извештајот, што треба да биде објавен в среда, се оценува дека во Турција дошло до „значителен пад“ во слободата на говорот, а во однос на судските одлуки во врска со националната безбедност и борбата против тероризмот – дека се донесуваат „селективно и произволно“.

Еврокомисијата изразува голема загриженост поради големиот број уапсени турски новинари и затворањето на медиумите по неуспешниот државен преврат на 15 јули.

Европските претставници се особено критични во однос на реакцијата на властите во Турција кон осомничените за учество во пучот, напоменувајќи дека беа приведени над 110 илјади судии, наставници, полицајци и државни службеници.

Според критичарите на турските власти, мерките на властите имаат за цел да ѝ нанесат удар на лeгитимната опозиција.

Во извештајот се посочува дела според Сојузот на турските новинари, затворени се околу 170 весници, списанија, телевизии и информативни агенции, а 2.500 новинари останале без работа.

Во извештајот на Комисијата се забележува дека има поткопување на независноста на судството, како и дека секој петти судија и обвинител се отстранети од должност по обидот за преврат.

Некои од приведените останале во притвор до 30 дена пред да бидат изведени пред суд според вонредниот закон, воведен по обидот за преврат.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×