„Конкретно во Северна Македонија, во нашите анализи забележуваме дека високото образование, односно универзитетите, многу заостануваат. Конкретно властите може да се насочат кон тоа што може да се направи така што студентите кои што излегуваат од универзитетите, да го имаат образованието што му е потребно на бизнисот.
Сега излегуваат многу студенти кои всушност не му се потребни на бизнисот и спротивно, бизнисот има потреба од други вештини. Наместо студентите да се специјализираат само за една одредена област, односно да учат на пример за инженери, или само правни науки, иднината на светската економија е во пошироко образование. Односно, во текот на дигитализацијата работниците треба да бидат пофлексибилни со што е можно повеќе вештини и квалификации, да можат во исто време да работат повеќе различни работи. Тоа е особено изразен проблем на универзитетите овде и во Бугарија, што ние ги подготвуваме студентите тесно само за една работа. Од таа гледна точка, новинарите на пример се во добра позиција, бидејќи вие знаете да правите повеќе работи во исто време“.
Целиот текст ќе можете да го прочитате во новиот број на Капитал.