Симоновски: Потребна е максимална поддршка на домашното извозно стопанство
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Златко Симоновски, генерален директор на Факом

Simonovski-WEB

Странските инвестиции се потребни, нема дилема, но тие се само шлагот на тортата, додека тестото на тортата се домашните, посебно извозно насочени компании.

 

Нашата компанија како извозно ориентирана компанија континуирано работи на зголемување  на извозот. После неколку последователни години на стагнација, минатата 2015 година почувствувавме извесно подобрување кое ни дава надеж дека тоа темпо ќе продолжи и нареднава година.
Нашата индустриска гранка долго време ги чувствуваше последиците од кризата од една страна и тесно зависи од состојбите и движењата на меѓународниот пазар, од друга страна. За жал мора да констатираме дека европската економија е се уште кревка и не е заздравена од кризата која што перманентно беше присутна изминативе неколку години. Конкурентската борба на пазарите ширум Европа ќе продолжи и во наредната година и само компаниите кои поседуваат нови развојни технолошки програми, висок квалитет на производите, брза и навремена испорака и се разбира конкурентни цени ќе може да се надеваат на дел од колачот на овие пазари. Исто така и наредната година продолжуваме да бараме алтернативни пазари во земјите од Блискиот Исток и Африка кои овозможуваат влез во големи долгорочни проекти многу значајни за долгорочно планирање на развојот на компанијата и кои што овозможуват сигурност во работењето.

Иако некои внатрешно-политички проблеми понекогаш знаат негативно да се одразат на економското и пред се финансиско работење на компаниите, сепак нашите предвидувања говорат дека во 2016 година би требало барем да го одржуваме  темпото со кое работевме минатата година.

Иако се чувствува ублажување од кризата, сепак остануваат некои негативни ризици: кризата со мигрантите значително ги отежна состојбите кај речиси сите европски земји, па нестабилноста на европскиот пазар се очекува да продолжи и наредната година. Влијание има и се уште нерешените финансиски проблеми со некои европски земји, како Грција.
Ликвидноста е проблем што ги мачи македонските компании веќе подолг временски период. Законот за финансиска дисциплина мора да важи за сите компании без оглед дали се од приватниот или од државниот сектор.
Вака како што денес функционира законот, државните компании се привилегирани во однос на приватните.
Потребно е да се обезбедат еднакви услови за стопанисување на сите пазарни субјекти, без разлика дали се приватни, домашни, странски компании или државни и јавни претпријатија.
Стравот да не се оди во динамизирање на стопанскиот развиток за да не се наруши приодот на остварување на стабилен, а не реален девизен курс на денарот и на идеализирана, а не реална стапка на инфлација, го води стопанството во рецесија и статичка стабилност.
Потребна е максимална поддршка на домашното извозно стопанство и тука државата треба да ја бара основата за стабилна економија и динаминизиран стопански развој. Странските инвестиции се потребни, нема дилема, но тие се само шлагот на тортата, додека тестото на тортата се домашните, посебно извозно насочени компании.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×