Сингапур ќе создава 10.000 технолошки работни места во следните три години
Објавено на од во Економија
Сингапур во средата соопшти дека планира да создаде до 10.000 работни места во технолошкиот сектор во текот на три години, како дел од иницијативата за формирање на град-држава кој ќе биде глобален центар за индустријата.
singapureПланот ќе биде предвоен од новата владина канцеларија наречена „Дигитална индустрија Сингапур“ (ДИСГ), која ги консолидира напорите на разните постоечки јавни тела за поттикнување инвестиции од странски технолошки фирми, поддршка на локалниот бизнис и работа со индустријата за да ја обликува идната политика.
Вооружени со профитабилни грантови и стимулации, островската нација во последниве години се фокусираше на технолошки фирми, инвеститори и врвни таленти – сектор кој може да помогне во борбата против некои од најспорорастечките стапки воизминатата деценија.
“ДИСГ ќе се обиде да ја постигне нашата мисија, да го постави Сингапур како глобално-Азијски технолошки центар”, рече Кирен Кумар, главен директор за дигитална индустрија во ДИСГ.
Новата владина канцеларија очекува да создаде до 10.000 работни места во технолошкиот сектор во текот на следните три години, вклучувајќи и работни места во областа на инженерството, развојот на софтверот и финансиите.
ДИСГ, исто така, вели дека ќе им помогне на компаниите во области како што се е-трговија, финтех, сајбер-сигурност и вештачка интелигенција, и други.
Иако ниските даноци во Сингапур, политичката стабилност и стабилниот правен систем и инфраструктурата со децении привлекуваат странски фирми, неодамна донесениот Закон за лажни вести, отвори конфликт со “Фејсбук” и “Гугл”, кои се плашат дека тоа би можело да го попречи слободниот говор и иновациите.
И покрај големите инвестиции, Сингапур има само еден локален “еднорог” – стартап со проценета вредност од над една милијарда долари - компанијата “Граб”, според истражувачкиот центар CBInsights, додека пак во соседна Индонезија има четири.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×