Singular, софтверска компанија со канцеларија и во Македонија, доби инвестиција од 5 милиони евра
Објавено на од во Компании

Singular ( singular.uk ) е интернационална компанија која оперира во iGaming и FinTech индустријата со седиште во Малта. Главните развојни бази на компанијата се лоцирани во Грузија и Македонија, со тоа што тимот во Скопје работи на софтвер за спортско обложување.

Screenshot_20181220-163440

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инвестицискиот фонд Vereeni Investments се здоби со 20% удел во компанијата Singular за почетнаинвестиција од 5 милиони евра која се очекува да се зголеми во наредните 13 месеци врз основа на проектираните резултати.

Вредноста на Singular по реализираната инвестиција се проценува на 25 милиони евра со потенцијал за понатамошен раст. Оваа вест доаѓа само неколку месеци по номинацијата на Singular за најиновативен софтвер во iGaming индустријата на светско ниво.

Singular ( singular.uk ) е интернационална компанија која оперира во iGaming и FinTech индустријата со седиште во Малта. Главните развојни бази на компанијата се лоцирани во Грузија и Македонија, со тоа што тимот во Скопје работи на софтвер за спортско обложување.
Со новата инвестиција Singular се приклучува на ‘Level Up’ фондот од Vereeni Investments чии главен фокус се иновативни компании од различни вертикали на iGaming индустријата (fintech, media, iGaming,business intelligence, software development, crypto , blockchain).
Ваквиот бизнис екосистем на фондот отвора нови можности за Сингулар во насока на пазарна експанзија и развој на нови производи.

„Пресуден фактор за нашата одлука да инвестираме во Singular беа иновативните решенија и
постојаното унпредување на производот кое беше препознаено на глобално ниво во индустријата„, објаснува Тимоти Џон Хит, еден од основачите на Vereeni Investments. Тој понатаму додава:
„Целта на Vereeni Investments е преку секоја аквизиција, спојување или заедничко вложување да семаксимизира почетната инвестиција преку мрежата на инвестициското портфолио која нуди акумулирани експертски знаења, мрежа на контакти и стратешки капитал .“
Од Singular се подеднакво сигурни дека инвестицијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на глобалниот iGaming пазар.

DSC_5000

Дарко Гацов, еден од основачите и претседател на Бордот на директори на Singular

 

„Инвестицското портфолио на Vereeni Investments во компании кои оперираат во комплементарни

индустрии се очекува да донесе можности за ширење, не само на мрежата на клиенти туку и
соработници. Ова само ќе ја зајакне понудата на Singular што ќе придонесе за експанзија не само
географски, туку и во поглед на нови индустриски правци. Приклучувањето на Vereeni Investments во сопственичката структура на Singular веќе донесе три нови клиенти од поголем ранг и од различен географски регион во портфолито на Singular“ , вели  Дарко Гацов, еден од основачите и претседател на Бордот на директори на Singular.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×