Синодот на БПЦ одлучи целосно да се заземе за МПЦ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија на денешната седница донесе одлука по повод писмото од Македонската православна црква.

Во одлуката на БПЦ-БП се вели дека таа „никогаш не била бесчувствителна кон страдањата на МПЦ“, и по дебатата по повод писмото на македонскиот архиепископ Стефан, Синодот на БПЦ едногласно ја донел следнава одлука:

„Со оглед на тоа што МПЦ ја признава БПЦ-БП за своја мајка-црква, БПЦ-БП свесна за својата света должност се обврзува целосно да соработува, посредувајќи и застапувајќи се пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за востановување на канонскиот статус на МПЦ“.

Во врска со оваа одлука, синодот на БПЦ-БП одлучил да формира Синодска архиерејска комисија за преговори со МПЦ и со останатите помесни православни цркви за воспоставување канонски статус на МПЦ.

Во составот на Комисијата се Старозагорскиот митрополит Кипријан, како председател, и членовите – Ловчанскиот митрополит Гаврил, Пловдивскиот митрополит Николај, Западно и Средноевропскиот митрополит Антониј, Варненскиот и Великопреславскиот митрополит Јован, Неврокопскиот митрополит Серафим, Русенскиот митрополит Наум и Врачанскиот митрополит Григориј.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×