Сирија е спремна да учествува на мировните преговори во Женева под покровителсво на ОН  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Дамаск е подготвен да учествува во мировни преговори во Женева и се надева дека дијалогот ќе ѝ помогне на државата да формира влада на национално единство, изјави сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем.

„Сирија е подготвена да учествува во дијалог меѓу сириските страни во Женева без странско мешање. Нашата делегација ќе биде подготвена веднаш штом добиеме список со членовите на делегацијата на опозицијата“, рече Муалем по средба со неговиот кинески колега, Ванг Ји, во Пекинг.

Тој очекува да се формира уставна комисија  што ќе изработи нов устав, со нов изборен закон, за во рамките на 18 месеци да се организираат парламентарни избори. Обединетите нации испланираа мировни преговори за Сирија да се одржат во Женева кон крајот на јануари. Токму во потрага по патишта за мировниот процес, Кина ги покани сириската Влада, како и опозицијата, да ја посетат земјата. Кина на Владата во Дамаск ќе ѝ даде 6,2 милиони долари како хуманитарна помош.

Кина и гостите од Сирија во Пекинг се сложија околу три принципи за почнување на мировниот процес. Прво, дека треба цврсто да се поддржи курсот на политичко менаџирање на кризата. Второ, дека иднината на Сирија треба да ја определи сирискиот народ, самостојно. И трето, дека ОН треба да играат водечка улога како посредник меѓу страните.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×