Сирискиот конфликт досега потрошил 275 милијарди долари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Трошоците за сирискиот конфликт досега, се проценети на 275 милијарди долари, а ќе достигнат 1,3 илјади милијарди долари ако војната продложи до 2020 година, покажуваат резултатите на најновото истражување на меѓународната невладина организација World Vision.

Ова е објавено во извештајот „Цената на конфликтот за децата“, што невладината го подготвила во соработка со организацијата Frontier Economics, а во него се проценуваат загубите од сирискиот конфликт во Сирија, во Либан, во Јордан и во Турција.

„Досега оваа војна ја чини сириската економија 275 милијарди долари и ова се загубени пари. Никогаш нема да бидат повратени, односно потрошени на иднината на децата, на нивното образование, здравствена заштита, животен стандард“, истакна регионалниот лидер на програмата за Блискиот исток на World Vision, Кони Ленеберг.

„Ова истражување е уште еден начин да се покаже итноста со која меѓународната заедница мора да го мобилизира колективното дипломатско влијание, и да го прекине овој конфликт еднаш засекогаш“, изјави директорот во World Vision на секоторот што се занимава со пропагирање на јавен одговор на сириската криза, Френ Чарлс.

World Vision, на терен во Сирија и во соседните земји, помага со храна, со здравствена заштита, во образованието, обезбедувањето вода за пиење … и досега ваква помош добиле 2,37 милиони бегалци, интерно раселени луѓе, и луѓе кои се од домаќинства директно погодени од сирискиот конфликт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×