Сите нерешени проблеми од пред пандемијата се враќаат на маса
Објавено на од во АНАЛИЗА

Person analyzing financial dashboard with KPI and business district backgroundПреглед на светските берзански случувања

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

 

Мерките преземени како одговор на пандемијата во Европа и САД забрзано се повлекуваат и се заменуваат со мерки за унапредување на најпогодените делови од економиите. Епидемијата сега го достигнува својот врв во Русија и Латинска Америка, но овие пазари немаат големо влијание врз оптимизмот во Европа и САД, велат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс.
„Во Европа, предлогот за нов фонд од 500 милијарди евра за помош на компаниите во земјите кои се најпогодени од  COVID-19 се соочи со очекувано спротивставување од страна на некои ‘скромни’ европски земји. Најголемиот проблем во Европа, донесувањето на одлуки бавно и кој одзема многу време повторно излегува на виделина. Новиот фонд е јасно насочен пред се кон Италија и Шпанија, иако помошта ќе биде силно поврзана со поедноставно преструктуирање на економиите, што станува главна цел на ‘повоената’ економска политика.
Од другата страна на Атлантикот, САД повторно ја засилува негативната реторика во однос на Кина, најкомплицирана во моментот е листата на кинески компании кои котираат на американските берзи, што воведува нов немир кај инвеститорите дека трговската војна ќе ескалира понатаму во месеците што водат до изборите. Европските проблеми со фондот и новите компликации со трговската војна ги потсетуваат инвеститорите дека сите нерешени проблеми од времето пред пандемијата остануваат на маса, тие само привремено се туркаа настрана поради здравствената криза. Овие проблеми повеќе од очигледно не се решени сами по себе.“
Во Кина, за која велиме дека е два месеци пред Европа и дополнителен месец пред САД и Велика Британија, закрепнувањето продолжува. Индустријата и дел од услужниот сектор се опоравуваат брзо, а од друга страна, постои голема претпазливост во услугите каде што се присутни поголем број луѓе (туризам, угостителство, воздухопловство и сл.). Слично темпо на закрепнување во Европа и САД би бил многу позитивен знак, иако оваа година сериозно ќе бидат погодени јужните земји, заради намалениот обем на услужни активности (особено туризмот).
USA and China trade war. US of America and chinese flags crashed containers on sky at sunset background. 3d illustrationПозитивни изненадувања за онлајн трговците
Повеќето компании веќе ги објавија своите активности во првиот квартал. Резултатите беа релативно солидни во целост и претежно над очекувањата, иако делот кои ги надминуваат очекувањата се најниски од финансиската криза 2008-09 година.  Негативен дел од објавувањето на резултатите беа намалените очекувања за вториот квартал и повлекувањето на предвидувањата за остатокот од годината.  Од индустриите здравствената, прехранбената индустрија и другите производи за широка потрошувачка и нега како и ИТ индустријата работат одлично. Банките очекуваат да се справат со нефункционалните кредити, а туризмот, автомобилската, воздухопловната индустрија и многу други компании размислуваат како да преживеат и бараат државна помош.  Гледаме зајакнување на онлајн продажбата и позитивни изненадувања за практично сите онлајн трговци. Во последната недела кинеските ИТ компании објавија значително подобрени деловни резултати, што во ситуација на затегнување на условите за котација на кинеските компании во САД, беа поблаги, па реакцијата на инвеститорите беше негативна. Победници во кризата се компаниите од здравството, бидејќи сите бележат многу поголем раст од очекуваниот и нивната иднина изгледа оптимистично.
Пазарите на капитал се држат исклучително добро
Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Голем дел од заслугите се припишуваат на големата ликвидносна помош од страна на централните банки во последните неколку недели која продолжува да се нуди на пазарите. Како резултат на тоа, вредноста на акциите на некои компании не само што ги надминаа оние од почетокот на годината, туку достигнаа и нови рекордни нивоа. Американскиот технолошки индекс NASDAQ е првиот најголем глобален индекс што забележа позитивен принос за оваа година. Според сите статистички критериуми, акциите повторно се скапи, особено ако се земе во предвид очекуваниот пад на профитот, но инвеститорите го насочија својот поглед кон иднината, не само кон 2021 година, туку и многу подалеку. Но, иако акциите се чинат скапи, не смееме да заборавиме дека обврзниците се уште поскапи, затоа што тие не нудат принос туку се само релативно безбеден паркинг за вишокот на пари. Ликвидноста на централните банки ги промени перцепциите за реалноста и целата оваа ликвидност сака да најде инвестиција што сепак ќе донесе барем минимален принос. Отворањето на економиите го зајакнува оптимизмот и самото тоа додава дополнителни пари во берзите. Ова се забележува особено последниве денови во Европа, која во однос на растот заостанува зад САД.

Фото рамка genСовети за инвеститорите

Не е време за екстреми, се препорачува диверзификација на портфолиото

Иако акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да ви биде во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Стара американска берзанска поговорка  вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Дополнителна неизвесност на пазарите се создава со обновувањето на трговски тензии меѓу САД и Кина. Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи. Старите нерешени прашања (трговска војна, Brexit, Иран итн.) се враќаат на маса, така што диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока. Инвестирањето во акции од нафтената индустрија, авиопревозот или компаниите кои нудат крстарења треба да останат само како потенцијален зачин на портфолиото, и најдобро е да им се остават на оние кои, всушност се запознаени добро со овие компании и имаат доволно информации за нивните тековни и идни активности.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×