Сивата економија и пречестото менување на регулативата остануваат најголеми проблеми за домашните компании
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стопанските комори од Македонија во соработка со УСАИД ќе продолжат да лобираат за поголема вклученост на приватниот сектор во формирањето и имплементацијата на бизнис регулативите во Македонија. 

33898027_2039755929625026_6039314919776583680_o

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од  ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите стопански комори од Македонија: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопанските комори на Македонија, ги објави резултатите од анализата на бизнис регулативата од 2018 година.

Во однос на целокупната проценка на националното законодавство, компаниите посочија дека сивата економија е едно од клучните прашања кои го попречуваат растот на деловниот сектор во Македонија.

Се посочува дека решавањето на ова прашање ќе го подобри деловното опкружување и ќе им помогне на компаниите да го подобрат своето работење. Покрај тоа, повеќето од испитаниците како најголеми приоритети на коишто треба да се работи во наредниот период ги наведоа реформите за создавање ефикасен судски систем и овозможување стабилно макроекономско опкружување. Сепак, генерално, компаниите веруваат дека во изминатите 3 години земјата ја зголемила својата регионална конкурентност во трката со другите земји од западен Балкан.

Најголем број од примерокот се домашни компании (86%) потоа следат мешовити (8%) и странски (7%). Најзастапени се мали и микро компании (75%) потоа средни (20%) и големи (6%). Половина од анкетираните компании се од Скопје (48%).

Половина од вкупниот број анкетирани изјавиле дека се вклучени во процесот на носење регулатива: од големите компании вклучени се 72%, од средните 50%, а од микро и малите учество имаат 38% од компаниите.

Нови вработени имаат големите и средните, додека кај малите и микро компании вработените или остануваат исти или се намалуваат.

За тоа каква е правната регулатива во однос на даночната регулатива, дека е добра се изјасниле 64% од големите, 51% од средните , 43% од малите и само 29% од микро компаниите.

Најчестите инспекции се од УЈП, Државниот Инспекторат за Труд и Пазарниот Инспекторат. Постои тренд на намалување на прекршочните платни налози на сметка на зголемување на мандантните платни налози- односно, се намалуваат изречните парични казни, а се зголемуваат казните со опомена од страна на инспекторите.

Како најголем проблем со инспекциите се смета дека е недоволната подготвеност на инспекторите. Потоа следи инсистирањето да се најде некаква неправилност, непрофесионалното однесување на инспекторите и непознавањето на правата и обврските на компаниите во текот на инспекцискиот надзор. Корупција како проблем е пријавен само кај 6% од примерокот.

Повеќе информации за проектот може да најдете тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×