СЈО со ново име под капата на ЈО и под раководство на Русковска, Заев го објави предлогот на Владата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Наредната недела Владата ќе поднесе во Собранието нов предлог закон за јавно обвинителство со кој ќе се реши статусот на СЈО, објави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција.
заев пресСпоред кажаното од премиерот на прес-конференцијата, новиот предлог предвидува СЈО да биде дел од Основното јавно обвинителство, и под ново име, Јавно обвинителство за гонење на висок криминал и корупција.
За прв човек на ова „новото“ обвинителство предложена е обвинителката Вилма Русковска. Остантите обвинители од досегашнот тим на СЈО ќе продолжат да работат во новото обвинителство, а може да конкурираат за реизбор.
„На овој начин ќе обезбедиме досегашната структура и ресурси на СЈО да биде во нова форма и политичарите да не одлучуваат за неговиот состав“, рече Заев.
Како што кажа премиерот Заев, одлуките за составот на ова обвинителство ќе го прави Советот на јавни обвинители, а не политичарите. Според Заев, сите случаи кои се пред судовите и за кои СЈО е надлежно согласно законите, ќе ги застапува новото обвинителство.
„Ова обвинителство ќе ги има сите гаранции за независно вршење на работата“, додаде тој.
Mатеријалите од прислушуваните разговори, појасни Заев, треба да бидат уништени освен тие кои се веќе дел од судските процеси.
Владата во Собранието ќе бара двотретинско мнозинство за законот, а Заев порача и дека сега не гледа изговор од опозицијата да избегнува донесување на ваков закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×