Скандал: Банкарскиот гигант HSBC соработувал со шверцери на оружје и диктатори!
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Светскиот банкарски гигант HSBC се најде среде финансиски скандал откако Меѓународната група откри вмешаност во проневери на милиони долари и избегнување на даноци, јавува британскиот весник Guardian.

Имено, новинарите на Guardian, Le Monde, BBC и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари дошле до документи кои протекоа во јавноста, а кои откриваат дека швајцарската подружница на HSBC им овозможувала на свои клиенти да подигнуваат големи количини на пари во странски валути кои ретко се користат во Швајцарија.
Се верува дека банката на своите богати клиенти им нудела и совети како да избегнуваат даноци. Според пишувањата на странските медиуми, HSBC им помагала на некои од клиентите да ги прикријат “црните” сметки од европските даночни служби.

Медиумите пишуваат и дека оваа банка соработувала со криминалци и со корумпирани бизнисмени, трговци со оружје, посредници на диктатори на одредени земји од Третиот свет, како и криумчари со “крвави дијаманти”.
Новинарите во документите пронашле и постоење на приватни сметки на многу славни личности од целиот свет, од спортот, преку Hollywood, до политиката.
Станува збор за податоци кои го опфаќаат периодот од 2005 до 2007 година, и повеќе од 30 илјади сметки во сопственост на над 100 илјади физички и правни лица од над 200 земји. Претворено во парична вредност станува збор за над 120 милијарди долари.
HSBC во своето соопштение наведува дека сигурносните и информативните мерки се значително унапредени во споредба со периодот кој е предмет на пишувањата и дека во меѓувреме се превземени сите потребни мерки за да се прочистат клиентите кои не ги задоволуваат новите стандарди, со што вкупниот број на клиенти  е намален за над 70%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×