Скандал: Грција протерува двајца руски дипломати заради мешање во договорот за името со Македонија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

AtinaГрција ќе протера двајца руски дипломати од земјата,а на други двајца ќе им забрани влез во земјата, наводно заради мешање во постигнување на договор помеѓу официјална Атина и Скопје со обвинение дека се мешале во внатрепните работи и преземале нелегални активности против националната безбедност. Како што пишува  грчкиот весник Катимерини , руските дипломати се обидувале да добијат и објават незаконски информации, а исто така се обидувале да подмитат одделни државни функционери, како и други активности кои не одговараат на нивниот дипломатски статус.

Се огласи и грчкиот портпарол Димитрис Цанакопулос кој изјави дека “Грција нема да толерира никакви активности со кои се крши меѓународното право.
“Иницијативата на Атина не е случајна, туку е одговор на координирана акција на дипломати за да се прошири руското влијание во Грција, но и влијаеле на одлуката на власта околу постигнување на договор околу новото име на Македонија”, пишува весникот и додава дека оваа одлука се однесува на конкретни дипломати, а не на односот на Грција кон Русија.
Високи грчки неименувани лица забележуваат дека и покрај напорите на грчката влада да ги задржи односите со Русија на добро ниво, во последно време разни кругови кои се поврзани со руските интереси се мешаат во грчките домашни работи.
“Преку парични награди тие се обидуваат да влијаат на општините, митрополитите во грчката православна хиерархија и да добијат влијание во Света Гора”, пишува Катимерини.
Истите извори укажуваат на напорите на Русија да интервенира во чувствителното домашно прашање, како што е договорот меѓу Грција и ПЈРМ во врска со името, а со тоа негативно влијае на улогата на Грција на Балканот.

Според пишувањата на Катимерини, Грција одлучила да го протера Виктор Јаковлев и уште еден неименуван руски дипломат.

Многу брзо стигна и одговор од Москва, која соопшти дека Русија ќе протера двајца грчки дипломати како одговор на одлуката на Атина двајцата руски дипломати да ги прогласи за персона нон грата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×