Скандалите на Трамп го достигнуваат Вотергејт
Објавено на од во Профил

donald-trump WEB 916Американскиот претседател се соочува со најголемата криза во досегашното претседателствување

Трамп може да биде обвинет за попречување на правдата, сметаат некои правници имајќи ги предвид информациите од белешките на сега веќе поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, дека претседателот на средба во Белата куќа во февруари, од него барал да ја прекине истрагата за поврзаноста на поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, со Русија

 

Доналд Трамп е исправен пред најдлабоката криза на своето претседателствување, откако белешки на сега веќе поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, покажуваат дека на средба во Овалната соба во Белата куќа во февруари, Трамп побарал од него да престане да ги истражува наводните врски со Русија на Мајкл Флин, ден откако тој поднесе оставка од позицијата советник за национална безбедност.

Ова стои во документ за службена употреба, составен од Коми по средбата меѓу двајцата на 14 февруари, односно, помалку од еден месец по стапувањето на Трамп на должноста претседател на САД, соопшти Њујорк тајмс.

Сѐ похаотична станува ситуацијата во Белата куќа

Проблемите на Трамп продолжуваат да се натрупуваат недела откако тој ненадејно го отпушти Коми. Претседателската администрација, вклучително вицепретседателот Мајк Пенс даваат различни и понекогаш противречни објаснувања за отпуштањето на Коми.

Одлуката на Трамп да го разреши од должноста шефот на ФБИ дополнително ги зацврсти сомневањата во однос на претседателот и новата администрација за наводните врски со руската влада. Ова не е првпат името на Коми да предизвика голем медиумски интерес. За време на предизборната кампања во 2016 година, тој ја донесе одлуката да ја обнови истрагата против Хилари Клинтон за користењето приватен сервер додека била државен секретар, со што, според многу аналитичари, извршил влијание на резултатот од претседателските избори.

Порано годинава Мајкл Флин поднесе оставка како советник за национална безбедност во Белата куќа, и тоа денови по неговото назначување на функцијата. Ова се случи откако беше откриено дека Флин разговарал за американските санкции против Русија со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак. Во понеделникот, исто така, стана јасно дека Трамп разговарал за високо тајна информација со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Станува збор за разузнавачка информација во однос на плановите на Исламската држава што САД ја добиле преку свој сојузник.

donald-trump WEB 916 01Документот на Коми

Според Њујорк тајмс документот содржи коментари на Трамп како: „Се надевам дека ќе најдеш начин да заврши тоа, да го оставите Флин на мир. Тој е добро момче. Се надевам дека можеш да ставиш крај на тоа“.

Белешката е дел од серија записи што Џејмс Коми ги водел при разговорите во живо и на телефон со претседателот Трамп околу истрагата за Мајкл Флин. Информацијата за постоење на документот е потврдена од високи функционери на ФБИ, како и од блиски соработници на Коми. Поради мерки за безбедност, новинарите на Њујорк тајмс што го открија постоењето на документот за кој станува збор, не добиле директен пристап до него, но вработени во ФБИ им го прочитале делот што е пренесен, вклучително и цитираните изјави на Трамп.

Што ќе следи понатаму?

Со последниве случувања уште еднаш новиот претседател на САД си го навлече гневот како на демократите, така и на членови на Републиканската партија. Републиканскиот конгресмен, Џејсон Чејфетс, кој е претседател на Комитетот за надзор и реформи, му дал рок од 24 часа на вршителот на должноста директор на ФБИ, Ендрју Макаби, да му ги достави документите од Коми.

Поради големата правна јурисдикција, Комитетот предводен од Чејфетс е еден од најважните во Конгресот на САД, а неговиот претседател може да издава покани без одобрување од другите членови. Но, изгледа дека сите во ова тело се единствени.

„Ова е веќе премногу. Конгресот навистина треба да стигне до дното на овој случај“, гласи коментарот на еден од демократите во Комитетот.

Во официјалната изјава Белата куќа одрече дека Трамп барал да прекинат какви и да се истраги, вклучително и оние против генералот Флин, и додаде оти претседателот има голема почит кон органите што го спроведуваат законот.

„Ова не е вистина и не е коректно пренесување на разговорот меѓу претседателот и господинот Коми“, изјавија од Белата куќа.

И покрај тоа што коментар од претседателот сѐ уште нема (до затворањето на овој текст), тимот на Трамп испратил и-меил со наслов „саботажа“, во кој се критикуваат медиумите поради обид да ја разнишаат довербата во него.

„Луѓе во администрацијата кои не биле избрани од народот, сакаат да го саботираат претседателот Трамп, како и целото движење „Америка на прво место““, пишува во текстот на меилот.

Какви последици може да претрпи Трамп?

Иако она што се дозна за случајот покажува дека не се работи за директно барање да се прекине истрага, правниците коментираат дека пристапот на претседателот може да се оцени како попречување на правдата.

Трамп може да го има истиот проблем и со отпуштањето на Коми – претседателот има право на тоа, но ваков пристап може да биде толкуван како попречување на правдата, што се прави со цел да се попречи или да се запре истрага.

Поранешниот федерален обвинител на САД, Џули О҆Саливан, кој предава кривично право поврзано со административни и финансиски престапи на универзитетот Џорџтаун, вели за Њујорк тајм за претседателот: „Тој навистина има потреба од добар адвокат, зашто сам си прави големо дело против себе“.

„Да му каже претседателот на САД на директорот на ФБИ да прекине потенцијална истрага за престап е попречување на правдата. Токму поради ова Ричард Никсон даде оставка“, гласи коментарот на професорот по право од Универзитетот на Калифорнија, Ирвин Черимински.

Други правници сметаат дека ако опишаното е точно, тоа не доволно силен доказ за попречување на правдата, а попрво е изнудување или притисок врз органите на редот.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×