ŠKODA Superb – автомобил на годината во Македонија
Објавено на од во Автомобилизам

Националното жири за избор на автомобил на годината го прогласи знаменосецот на брендот ŠKODA, новиот Superb,за добитник на оваа престижна награда во Македонија за 2016 година.

 

Superb-web

Освен што ги освои симпатиите на стручното жири, ŠKODA Superb ги придоби и останатите љубители на висококвалитетни автомобили. На онлајн гласањето  македонските граѓани го избраа својот омилен автомобил, каде Superb освои 39,1% од вкупниот број гласови, што беше одлучувачки фактор за да го добие престижното признание. Чешката лимузина ја доби годинешната награда и поради новитетите што ги понуди во најновата генерација на ŠKODASuperb.

Со прогласувањето за автомобил на годината во Македонија, ŠKODA Superb ја продолжи успешната серија на освоени награди. Добитник е на значајното признание „Фамилијарен автомобил на годината“ според престижниот автомобилски магазин AutoExpress и автомобил на годината според посетителитена најголемиот британски вебсајт за автомобили WhatCar.

ŠKODA  Superb е лимузина која изгледа одлично, нуди многу простор и фантастично возачко искуство. Дизајнерите и стручниот тим на ŠKODA го поставија овој модел на едно сосема ново ниво кога станува збор за креативноста и технологијата. Автомобилот нуди низа системи за помош кои досега не беа вградувани кај возилата од овој сегмент. Новата технологија, направена според последниот збор на техниката,  му помага на возачот во најразлични ситуации во сообраќајот. ŠKODA Superb се истакнува и со иновативната технологија на моторот така што возилото троши само 3,7 литри гориво на 100 километри. Škoda Superb поставува нови стандарди во поврзувањето на автомобилот со паметни телефони и таблети како и во поврзувањето со интернет. Овој автомобил доаѓа со бројни нови и единствени Simply Clever решенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×