Скопје дел од Европската стартап недела
Објавено на од во Економија
„Европската недела на стартапи“ ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања. Ќе трае до 10 февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар. 

SS_WEEK_2017_AVATAR

„Осмели се, започни свој бизнис!“, е мотото на „Европската стартап недела“ – Startup Europe Week,  што почнува денеска, а во која со активности се вклучува и Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави од Европа.

Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.

„Европската недела на стартапи“ ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања. Ќе трае до 10 февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.

Европската стартап недела е креирана со цел да ги вклучи сите региони на Европа во една стартап фокусирана програма. “Многу глобални иницијативи биле направени со намера да го промовираат претприемништвото. Типично, таквите настани го следат форматот на Силиконската долина (мотивациски говорници, нетворк сесии, итн.) Но, Европа е различна и има потреба од нешто повеќе кога станува збор за почнувањето бизнис. Регионалниот диверзитет и локалните политики играат голема улога во обликувањето на европските стартапи. Европските региони се клучните играчи, почнувајќи од помагањето на претприемачите да формираат компанија, па до обезбедување грантови или даночни повластици.“, објаснуваат од организаторот.

Startup Europe Week во Скопје ќе се одржи со помош на локалните ко-организатори: Фондот за иновации и технолошки развој, Стартап Македонија, Euro Macedonian Knowledge Innovation Center – EMKICE, Inception Enterprise и др.

Повеќе информации на http://startupeuropeweek.eu/

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×