Скопје го доби првиот Marriott хотел
Објавено на од во lifestyle

Skopje-Marriott-WEBНајпознатиот американски бренд хотели пристигна и во Македонија

Мериот Хотели, брендот со потпис на Marriott International, го отвори својот прв хотел во Македонија, Skopje Marriott Hotel. Лоциран на плоштадот Македонија, во срцето на деловниот и културен центар на градот, новиот хотел е експертски дизајниран, со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот.

 

На девет ката, со 143 соби и 21 апартмани, Marriott International ја започнува својата приказната во Скопје, Македонија. Инвестицијата „тежи“ 37 милиони евра, а ги опфаќа најновите стандарди кои Marriot International ги воведе во последните неколку години.

Станува збор за низа иновативни содржини и дизајнерски карактеристики, како што се големото лоби на Мериот, кое нуди отворена и флексибилна лаунџ просторија, за гостите да се релаксираат, работат или се социјализираат, како и ресторан и два барови, кои овозможуваат фантастична селекција на локални вина и уникатни премиум коктели.

Ентериерот на целиот е хотел е спој на потребите на новите генерации познати како „милениумци“(родени после 1981 година), но и на традиционалните барања на генерациите познати како „Х“ и „У“ (родените пред 1980-тите).

„Со овој хотел влеговме на хотелската мапа на светот. Во изградбата вложивме многу труд, љубов и финансии, а целиот објект го градеа компании од Македонија со техничка поддршка до брендот Мериот“, изјави инвеститорот Александар Иванов, сопственик на Дивелот груп.

Ivanov-Aleksandar-WEB

Александар Иванов, сопственик на Дивелот груп и инвеститор на Мериот

„Со овој хотел влеговме на хотелската мапа на светот. Во изградбата вложивме многу труд, љубов и финансии, а целиот објект го градеа компании од Македонија со техничка поддршка до брендот Мериот“


Што сѐ нуди Мериот Скопје?

  • Skopje-Marriott-smestuvanjeСМЕСТУВАЊЕ

164 убаво опремени гостински соби, кои вклучуваат 108 Deluxe соби, 35 Executive соби, 6 Junior апартмани, 5 Executive апартмани, 8 Premier апартмани, 1 апартман за заменик-претседател и 1 претседателски апартман.

Сите соби се опремени со пристап до брз интернет, луксузна постелнина со јоргани и памучни чаршави и перници, индивидуална контрола на системот за климатизација, ТВ со рамен екран 48”, канали со филмови со доплата, просторна работна маса и удобна бања. Политика на хотелот е дека пушењето е забрането.

Секоја од 164-те прекрасно поставени гостински соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман, нудат комбинација на традиционална архитектура и модерен дизајн на ентериерот.

Освен мобилното пријавување и одјавување во хотелот, информирање за подготвеноста на собата и мобилните барања, Мериот Хотелите се први кои развиваат систем за отклучување на собите преку мобилен уред, во својот хотел Marriott Waterfront во Балтимор, САД.

  • Skopje-Marriot-RestoranРЕСТОРАНИ & ЛАУНЏ БАР

Хотелскиот ресторан, Distrikt Bar & Kitchen, го презема спојот на различните култури на градот и најдобрите локални производи ги комбинира со источноевропски и медитерански влијанија. Најдоброто од кулинарските дела вклучуваат свежа риба и Џоспер скара на јаглен, која дава уникатен вкус на селекцијата на стекови од зреено месо во понудата.

Главен ресторан „DistriktBar&Kitchen“, со дизајн на отворена кујна, ќе ви понуди невообичаено искуство со вкусно мени и пријателска услуга. Ресторанот е со пристап од улица • „DistriktBar“ е местото каде се спојуваат работата и задоволството, во кој се нуди прекрасен избор на локални вина и премиум коктели. • Лаунџ бар – поинтимно место, во кое се нуди избор од премиум алкохолни пијалаци.

  • Skopje-Marriott-(3)ПРОСТОРИИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА

Покриен базен со машина за пливање во место • Џакузи • Голем број простории за релаксација • Теретана& Фитнес центар • Спа центар со голем избор на професионални третмани • 4 типа на сауна • Третмани за убавина и третмани за коса.

Спа центарот на хотелот нуди низа третмани за релаксација, вклучувајќи го заштитниот интензивен третман на лице против стареење, како и пилинг за тело со зелен чај и краставица, користејќи June Jacobs производи, познати по својот микс од природни ботанички состојки и патентирани антиоксиданси.

  • УСЛУГИ ЗА ГОСТИТЕ

Брз безжичен интернет во јавните простории • Бизнис центар отворен 24 часа • Ексклузивен лаунџ бар • Услуги за перење и хемиско чистење во истиот ден • Сефови • Опрема за пеглање • Уреди за бесплатен чај и кафе.

  • СОСТАНОЦИ И КОНФЕРЕНЦИИ

Хотелот нуди одлични простории за бизнис патниците, со флексибилни и стилски простории за состаноци, вклучувајќи седум посебни сали за настани, од кои најголемата има капацитет до 600 луѓе, заедно со мултифункционален простор за отворени дискусии, работилници и приватни состаноци. Executive собите, како и Executive Lounge нудат дополнителен комфор и стил.

Платформата на Мериот Meetings Imagined дава нови можности и инспирација за организатори на настани и состаноци, заедно со онлајн сервис кој им овозможува на гостите да се во контакт 24/7 со менаџерите за односи со клиентите.

  • ЛОКАЦИЈА

Хотелот е лоциран до најпознатите градски атракции, вклучувајќи го Камениот мост, неверојатната статуа на Александар Македонски, „Воин на коњ”, како и богат избор на театри, музеи, барови и ресторани.


Колку чини сместување во хотелот?

Цените за изнајмување соба во скопски хотел „Мериот“ се од 128 евра до 176 евра за една ноќ, во зависност од типот на собата.

Хотелот располага и со претседателски апартман, а една вечер во овој апартман ќе чини повеќе од 500 евра.

Инаку, собите во овој хотел се распоредени по категории „де лукс“ и „егзекјутив“, а апартманите се поделени по категориите „јуниор“, „егзекјутив“, „премиер“.

Во просек, на секој спрат од овој хотел има од 35-40 соби.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×