Скопје: Наскоро Саем за вработување во стартапи
Објавено на од во Start-up

SuperFounders Open Day на 15.02. во Скопје е место каде што домашни стартапи ќе дојдат во потрага по профили на кадри што им требаат

 

Какви кадри бараат македонските стартапи и дали сте вие токму меѓу нив може да проверите на 15.02, на Скопски саем со почеток во 9 часот, на “отворениот ден“ што го организира стартап акцелераторот SuperFounders.  SuperFounders Open Day e настан посветен на сите студенти, баратели на работа и стартапи.
“Доколку барате работа, имате потреба од зголемување на вашиот тим или пак сакате да добиете совети и насоки за почнување на сопствен бизнис – ова е вистинскиот настан за вас“, вели организаторот Александар Тасев од SuperFounders.

Startup opsta

На Саемот за стартап кариера  повеќе домашни стартапи ќе ги отворат своите врати за вработување на кадар од различни профили.

“Работењето во стартап фирма носи доста предности, меѓу кои проширено знаење и вештини во повеќе области, брз напредок во кариерата, меѓународно поврзување, можност за станување партнер со основачот и многу други“, вели Тасев, и самиот основач на повеќе стартапи досега.

Настанот ќе има и специјални гости говорници, искусни професионалци од стартап индустријата во Македонија и светот. Ќе зборуваат Петрус Теуниц од  NIRAS Development, Суреш Пател од Verdexus, Проф. Радмил Поленаковиќ од македонскиот Национален центар за развој на иновациите и претприемништвото, како и Питер Хоупвуд, тренер, консултант и говорник на темата претприемништво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×