Скринингот треба да не’ подготви за тешките преговори со ЕУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

ЕУ-MK zname WEB 978После повеќегодишна блокада, Македонија конечно со чекор напред во европските интеграции

Со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и експертите од Европската комисија на Македонија на 17 јули отпочна и официјално скрининг процесот или аналитичкиот преглед на усогласеноста на домашното законодавство со европското законодавството. Овој процес вообичаено трае од една до две години, по што и официјално почнуваат пристапните преговори за членство во Европската Унија, кои во случајот на Македонија треба да почнат во јуни 2019 година. 
Македонија во следниот период ја чека многу обемна и макотрпна работа, на која треба да бидат вклучени 1.000 до 2.000 луѓе од различни институции и сегменти, а брзината со која ќе го завршиме скринингот, како и со која ќе ги отвораме и затвораме поглавјата во преговорите ќе зависи од нас самите. Односно дали имаме политичка волја тој процес да оди брзо, дали администрацијата и институциите имаат капацитет и подготвеност да ги изнесат и имплементираат потребните реформи.

 

Со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и експертите од Европската комисија на Македонија на 17 јули отпочна и официјално скрининг процесот или аналитичкиот преглед на усогласеноста на домашното законодавство со европското законодавството. Овој процес вообичаено трае од една до две години, по што и официјално почнуваат пристапните преговори за членство во Европската Унија, кои во случајот на Македонија треба да почнат во јуни 2019 година.

Македонија во следниот период ја чека многу обемна и макотрпна работа, на која треба да бидат вклучени 1.000 до 2.000 луѓе од различни институции и сегменти, а брзината со која ќе го завршиме скринингот, како и со која ќе ги отвораме и затвораме поглавјата во преговорите ќе зависи од нас самите. Односно дали имаме политичка волја тој процес да оди брзо, дали администрацијата и институциите имаат капацитет и подготвеност да ги изнесат и имплементираат потребните реформи.

Skrining 978 WEB 01Патот кон ЕУ е исцртан

Советот на ЕУ за општи работи на 25 јуни, односно на 28 јуни Европскиот совет заклучија дека Македонија напреднала во процесот, ги потврдија препораките на Европската комисија со тоа што утврдија дека е исцртан патот за почеток на пристапните преговори за Македонија до јуни 2019.
Во заклучоците на Советот за општи работи и на Европскиот совет стојат неколку насоки каде треба да се движат и да се продлабочат реформите во Македонија, тоа се правосудниот систем, борбата против организиран криминал и корупција, реформата на јавната администрација и нејзина деполитизација, реформа на безбедносните служби и службите за разузнавање. Но, во самите заклучоци се вели дека Европската комисија може да започне со подготовките за почеток на пристапните преговори.

Сето тоа е веќе ставено во т.н. План 18 или план за реформи, кои е фокусиран во следните 10 до 12 месеци да се испорачаат што е можно повеќе резултати во овие сегменти за да се постигне целат и во јуни 2019 година да се почнат и официјално пристапните преговори за членство во ЕУ.
За главен политички преговарач е назначен потпретседателот Бујар Османи, а за главен технички преговарач Бојан Маричиќ, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. 

Што значи скринингот за Македонија?

“Скрининг процесот е аналитички преглед на домашното законодавство на Македонија како земја кандидат и степенот на усогласеност со европското законодавство, попознато како acquis communautaire (“аки коминотер”) во европскиот жаргон, Прегледот на законодавството се прави во 33 поглавја, бидејќи 34-тото поглавје се однесува на институциите, а 35-тото поглавје е за разни останати прашања кои не се покриени во останатите поглавја.
Преку овие поглавја се опфатени буквално сите области во едно општество, од политички теми, како што се поглавјето 23 и 24, кои опфаќаат правосудниот систем, фундаменталните права, безбедност, судство и тн, па се до оние кои се однесуваат на слободно движење на стоки, капитал, услуги, формирање на претпријатија, преку земјоделие, животна средина, до безбедност на храна и тн.”, објаснува Драган Тилев, државен советник со Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Тилев вели дека за време на посетата на комесарот Хан имало разговори и со со лица од стручните служби на Европската комисија за оформување на календар за почеток на објаснувачкиот или техничкиот дел од скринингот кој треба да започне во септември. Скрининг процесот за Македонија ќе започне со поглавјата 23 и 24 како почувствителни области и понатаму ќе продолжи со две до три поглавја месечно во наредниот период. Скринингот вообичаено одзема помеѓу една до две години, во зависност од околностите, динамиката и од расположливоста на стручните служби на Европската комисија, бидејќи тие се оние кои го објаснуваат европското законодавство на нашите служби”, вели Тилев.

Skrining 978 WEB frejmКако ќе се прави скринингот?

Техничкиот дел од скрининг процесот започнува со средби во Брисел помеѓу нашите институции со свои претставници и експерти кои се поврзани со секое поглавје и стручните служби од Европската комисија кои даваат комплетно објаснување и презентации за секое поглавје. Тие ќе го предаваат секое acquis (аки) од европското законодавство за сите 33 поглавја.

После тоа, нашите експертски групи се враќаат назад и заедно со стручните служби од Секретаријатот за европски прашања, од кабинетот на Премиерот, од МНР, Секретаријатот за законодавство, од Статистика и т.н. ќе се чита европското законодавство, ќе се споредува со домашното законодавство за да се види што и колку досега сме транспонирале од европското законодавство.
“Она што е важно е дека Македонија не почнува од нула, туку почнувајќи од 2004 година веќе има пренесено добар дел од европското законодавство во домашното законодавство. Скринингот само ќе помогне да видиме јасно до каде сме во тој процес на пренесување на европското законодавство.
Според тие проценки, треба да направиме планови со која брзина ќе се завршува транспонирањето на европското законодавство во одделни области”, објаснува Тилев.

До јуни 2019 година Македонија ја чека многу обемна работа бидејќи станува збор за 33 поглавја од сите овласти или за околу 100 илјади страници на европско законодавство кое ќе треба да се исчита, дел и да се преведува..Понатаму има технички стандарди кои се однесуваат на повеќе области, дел од ги имаме како држава прифатено, а дел ќе треба допрва да се прифатат како составен дел на нашиот систем и на нашето законодавство.

“Првичните проценки се дека Македонија досега има транспонирано околу 1.500 акти од вкупно околу 6.000 акти кои треба да ги пренесеме во нашето законодавство. Кога земјата ќе помине низ скринингот, кога од јуни 2019 со пристапните преговори и со отворање на поглавјата, ќе може да се зборува попрецизно за тоа која временска дистанца ќе можеме целосно да го имплементираме”, објаснува Тилев.
Откога ќе се отворат преговорите, на Македонија ќе и бидат потребни пет до 10 години на преговарање, после кој период земјата може да биде целосно интегрирана во ЕУ.
“Брзината на преговорите ќе зависи од тоа колку брзо ние ќе го прифатиме европското законодавство и колку брзо ќе ги оспособиме нашите институции да имаат капацитет да го имплементираат европското законодавство”, вели Тилев.

Според него, веќе со отпочнување на преговорите македонските граѓани и компании ќе почуствуваат и конкретни промени во повеќе различни области.
Почнувајќи од тоа како функционира администрацијата, како функционираат судовите, инспекциските служби и на сите други структури кои го креираат амбиентот амбиентот во кој живеат и работат граѓаните и економските оператори, а кои треба да функционираат професионално…Сите овие институции и процедури ќе мора да се прилагодуваат со европското законодавство или со европските добри пракси.
Понатаму, кога станува збор за техничките стандарди за безбедност и квалитет во сите области тие мора да бидат во согласност со европските стандарди и целосно да се почитуваат и применуваат во пракса.
Единствената дилема која се наметнува на почеток на процесот кој следи е дали Македонија има капацитет да го воведе и имплементира во пракса европското законодавство, правила, принципи и стандарди во пракса?
“Не треба да имаме дилема дали имаме или немаме капацитет. Се работи за тоа дали имаме волја и дали сме добро организирани. Во одредени ситуации од минатото кога сме биле како држава изложени на притисок, сме успеале и сме испорачале она што се барало од нас”, вели Тилев.

Бизнис заедницата да се подготви за конкурентски притисок

Многу важен елемент во процесот на преговорите за членство со ЕУ е и подготвеноста на бизнис секторот да го издржи конкурентскиот притисок на отворениот европски пазар. Македонските компании и економските оператори ќе треба да се оспособат да го издржат тој конкурентки притисок и да можат да излезат со своите производи и услуги на отворениот европски пазар. Европскиот пазар со околу 500 милиони жители, потенцијални потрошувачи, што е огромна можност за македонските компании.
Со воведувањето на европското законодавство бизнис секторот ќе мора да направи многу промени во своето работење, да воведе многу стандарди за квалитет, безбедност и сигурност, што е процес кој бара многу време, знаење и пари.
Македонија и досега е корисник на многу европските фондови ФАРЕ, ИПА…, но и во иднина ќе можеме како земја да ги користиме овие европски пари за поттикнување на трансформацијата на бизнис секторот, за воведување на нови технологии, за истражување и развој, иновации и слично. Но, досега искористеноста на овие европски фондови е релативно мала. Дел од причините за малата искористеност експертите ги лоцираат во неизвесноста која постоеше во процесот на евроинтеграција на земјата, која објективно беше блокирана од 2009 година наваму. Со скринингот процесот и со отпочнување на преговорите во јуни 2019 година станува сосема извесно членството на Македонија во ЕУ.
Ако некоја компанија досега се двоумела дали треба да инвестира во некои промени заради членството во ЕУ, сега таа неизвесноста е отстранета. Значи прашање на време е кога промените ќе се случат, па согласно со тие временски рамки компаниите ќе можат да си ги планираат инвестициите кои ќе треба да ги направат за својот развој со цел да бидат подготвени да го издржат конкурентскиот притисок на отворениот европски пазар.
Компаниите мора навреме да станат свесни дека ќе треба да направат низа технолошко-развојни и организациски прилагодувања во своето работење за да можат да преживеат на европскиот пазар.
Структурните и кохезивните фондови во ЕУ ќе претрпат измени со излезот на Велика Британија од ЕУ, а дел од тие средства е можно да бидат насочени кон зголемување на средствата за Западен Балкан преку ИПА 3.


Кои поглавја се најосетливи, а кои најобемни?

Skrining 978 WEB 02Поглавјата 23 и 24 се сметаат за најчуствителни прашања и токму со овие две поглавја ќе стартува и скрининг процесот во Македонија, додека Поглавјето 11 (Земјоделство и рурален развој), Поглавјето 12 (Безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика) и Поглавјето 27 (Животна средина) се сметаат за најобемни. Меѓутоа голем предизвик за Македонија во преговорите ќе бидат и Поглавјето 1 (Слободно движење на стоки), Поглавје 8 (Политика на конкуренција) и Поглавје 19 (Социјална политика и вработување).
Поглавјето 23 (Правосудство и фундаментални права) се однесува на правосудството и на фундаменталните права, како ефикасност и непристрасност на судството, борба против корупција, човекови права, спречување тортура, затворски систем, слобода на изразување, слобода на здружување, родова еднаквост, антидискриминација…Ова Поглавје се смета за клучно за владеење на правото и воспоставување на правна сигурност во земјата и кога станува збор за оваа област ЕУ не прифаќа половични решенија за ниту една земја која сака да стане членка во ЕУ.

Поглавјето 24 (Правда, слобода и безбедност), пак, се однесува на правда, слобода и на безбедност, миграција, азил, визна либерализација, надворешни граници и граници на шенген-зоната, судска соработка во кривични и во граѓански предмети, полициска соработка во кривични и во граѓански предмети, борба против организиран криминал, борба против тероризам и царинска соработка за борба против дрога и фалсификување на еврото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×