Skype Преведувач – Денот кога почнаа да паѓат јазичните бариери
Објавено на од во hi-tech & business

Деновиве Skype преку видео ја претстави својата нова иновација направена од Microsoft Research со која се овозможува гласовена комуникација со директен превод. На видеото може да видите две ученички од две основни училишта од САД и Мексико како ја користат оваа надградба на Skype апликацијата. Тие комуницираат на два различни јазици, англиски и шпански и немаат проблеми во меѓусебното разбирање.

Неоспорен е фактот дека оваа алатка го навестува крајот на јазичните бариери. Skype преведувачот ќе отвори бескрајни можности за луѓето од целиот свет да се поврзат, комуницираат, да соработуваат и притоа да не бидат спречени од географијата и јазикот.

Несомнено сите можеме да ја видиме блиската иднина кога секој од нас слободно ќе коминицира на било која точка од светот со луѓе од различни нации и култури. Доволно ќе е само да биде вклучена оваа апликација на вашиот смартфон.

Во моментов Skype преведувачот е достапен за корисниците на оперативниот систем Windows 8. Може да се користи за директен говорен превод на англиски и шпански јазик и 40 други јазици во инстант пораките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×