Connect with us

регион

SkyShowtime сервисот за стримување достапен и во Македонија од 14 февруари

објавено

на

Корисниците на новоактивираните осум пазари ќе имаат пристап до ексклузивни телевизиски премиери на филмови од продукцијата на Universal Pictures и Paramount Pictures, нови и ексклузивни серии по оригинални сценарија, детски и семејни содржини и избор на легендарни наслови и пакети од Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock – сето тоа стримувано на едно место.

SkyShowtime услугата за стримување во Европа ќе продолжи да се проширува и во 2023 година.  Следната тура активирања ќе биде најголемото проширување на услугата досега, при што ќе се вклучат осум нови пазари во Централна и Источна Европа.  На 14 февруари SkyShowtime ќе им ја даде својата првокласна понуда на корисниците во Албанија, Чешка, Унгарија, Косово, Северна Македонија, Полска, Романија и Словачка. Со ова проширување на повеќе територии бројот на активни пазари на стриминг платформата ќе ја достигне бројката 20.

Корисниците на овие новоактивирани пазари ќе имаат пристап до ексклузивни телевизиски премиери на филмови од продукцијата на Universal Pictures и Paramount Pictures, нови и ексклузивни серии по оригинални сценарија, детски и семејни содржини и избор на легендарни наслови и пакети од Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock – сето тоа стримувано на едно место. На SkyShowtime ќе се прикажуваат и локални оригинални програми, документарци и посебни изданија од локалните пазари.  Компанијата неодамна објави дека склучила договор за преземање на 21 оригинални серии од HBO Max во Европа, вклучително и нови серии кои премиерно ќе се прикажат во 2023 година како оригинали на SkyShowtime.

Со илјадници часови квалитетна забава за целото семејство,  SkyShowtime е домот на нови блокбастери што ќе бидат достапни на услугата по прикажувањето во кината и услугите за домашна забава. По активирањето, локалната публика ќе има пристап до: Ambulance, „Downton Abbey: A New Era, „Jerry & Marge Go Large, „Jurassic World: Dominion, „Ray Donovan: The Movie, „Redeeming Love, „The Bad Guys, „The Hanging Sun, „The Northman“ и „Top Gun: Maverick“.

Освен тоа, претплатниците ќе имаат пристап до широка понуда на серии: вклучително и:
„1883
, „1923“, A Friend of The Family“, „All The Sins“, „American Gigolo“, „Funny Woman“, „Halo“, „Law and Order“ Сезона 21, „Let the Right One In“, „Mayor Of Kingstown“ сезона 1 и 2, „Pitch Perfect: Bumper in Berlin“, „Star Trek: Strange New Worlds“, „Souls“, „Super Pumped: The Battle for Uber“, „The Best Man: The Final Chapters“, „The Calling“, „The Fear Index“, „The First Lady“, „The Midwich Cuckoos“, „The Offer“, „Rise“, „The Undeclared War“, „Tulsa King“, „Vampire Academy“ и „Yellowstone“.

Големите нови филмови и серии што ќе се појават на SkyShowtime во текот на следните месеци ги опфаќаат некои од најочекуваните изданија: 
A Town Called Malice, „Belfast, „Drift – Partners in Crime 1A), „Lioness“, „Minions: The Rise of Gru“, „Nope“, „Rabbit Hole“, „Ripley“, „Smile“, „The Black Phone“ и „The Great Game“.

Корисниците во Централна и Источна Европа, исто така, ќе можат да гледаат два од првите оригинали на SkyShowtime што ќе се појават на услугата во 2023 година – чешката продукција  The Winner и полската продукција Still Here.
​ Друга популарна локална продукција што ќе се најде на услугата е унгарскиот наслов  „The Informant“. Покрај тоа, седум добропознати локални наслови ќе бидат достапни за претплатниците од март натаму, вклучително и: Czech It Out! (Чешка), „Hackerville“ (Романија), „One True Singer“ (Романија), „Ruxx“ (Романија), „Tuff Money“ (Романија), „The Sleepers“ (Чешка), „Succes“ (Хрватска).
​SkyShowtime ќе биде новиот ексклузивен дом на овие популарни програми.

Главниот извршен директор на SkyShowtime, Монти Сархан, рече: Со активирањето на SkyShowtime во осум нови пазари годината ја започнуваме на неверојатен начин. Ова претставува најголемото проширување досега и особено се радувам што го надградуваме тековниот успех на услугата што е веќе активирана во нордиските земји, Холандија, Португалија и неколку региони околу Јадранот.  Уверен сум дека новата публика во Централна и Источна Европа ќе ужива во неверојатната низа серии и филмови за одлична цена. Исто така, сме возбудени што ги враќаме саканите серии направени по оригинални сценарија во Централна и Источна Европа.

Габор Харсани, регионален генерален директор за Централна и Источна Европа, SkyShowtime рече:
„SkyShowtime
нуди пакет неверојатни содржини. Горди сме што им нудиме на новите корисници од Централна и Источна Европа нов и ексклузивен пристап до најновите серии и најголемите блокбастери од легендарните и светски познатите студија како и локална и оригинална програма што ќе ѝ се допадне на публиката. Возбуден сум што оваа понуда од светска класа доаѓа во нашиот регион со локално раскажување и многу конкурентна понуда за ЦИЕ.

SkyShowtime ќе биде достапна директно до корисниците преку веб-страницата: www.skyshowtime.com и преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, уредите на Android, Android TV, Google TV и LG TV.

Во Албанија, Косово, Северна Македонија и Словачка, SkyShowtime ќе биде достапна за 5,99 евра месечно.  Во Романија, услугата ќе биде достапна за 3,99 евра месечно. Во Чешка, цената ќе биде 179 CZK месечно, во Унгарија 1999 HUF месечно и во Полска 24.99 PLN месечно.

Лансирањето доаѓа по долгоочекуваното пристигање на SkyShowtime во Данска, Финска, Норвешка и Шведска во септември; Холандија и Португалија во октомври; и Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија во декември.

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%