Славко Пројкоски, Главен финансов менаџер на Македонски Телеком АД – Скопје е новиот Претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија). Г. Пројкоски е член на Одборот на директори од септември 2014 година и претходно ја вршеше функцијата на Секретар/Благајник, соопштуваат од Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).
Славко Пројкоски, како што пишува во соопштението, доаѓа на местото на Мирослав Марчев, Директор за даноци и правни услуги во ПрајсвотерхаусКуперс Скопје, кој беше на оваа позиција од септември 2014 година.
На состанокот покрај г. Пројкоски беа избрани и:
• Емре Козлу, Генерален директор, Филип Морис –ТКП Скопје за прв Потпретседател; и
• Борка Петровска, Менаџер на администрација, Фени индустри за втор Потпретседател;
Мандатот на Претседателот на Одборот на директори и на останатите новоизбрани членови е една година со право на повторен избор.