Слика на Леонардо продадена за рекордни скоро половина милијарда долари
Објавено на од во lifestyle

Слика на Леонардо да Винчи е продадена на аукција за 450,3 милиони долари, со што стана најскапа слика на светот. На крајот на вчерашната лицитација во њујоршки Christie’s, сликата Спасителот на светот (Salvator Mundi), последно дело на ренесансниот гениј во приватна колекција, далеку го надмина претходниот рекордер, Жените од Алжир – верзија нула (Les Femmes d’Alger – Version O) на Пабло Пикасо, која во 2015 година беше продадена за 179,4 милиони долари.

Аукциската куќа сликата со димензии 65 х 45 cm, што го прикажува Христос кој држи кристална топка, ја процени на 100 милиони долари.

Наддавањето почнало од 70 милиони, и цената била подигана 53 пати, до 400 милиони, односно 450,3, со сите придружни трошоци.

Сликата досега беше во сопственост на рускиот милијардер Дмитри Риболовлев, сопственикот на фудбалскиот клуб Монако, кој за 127,5 милиони долари ја купи од швајцарскиот трговец со уметнички дела Ив Бувие.

Salvator Mundi во 1958 година за само 45 британски фунти ја продале наследниците на виконтот Френсис Кук, во ситуација кога сликата била оштетена од претходните реставрации, а ѝ било оспорувано и авторството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×