Словенечка фирма за да ги задржи вработените им ја покачила платата на 1.500 евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со промената на системот на плати, организирањето на деловните и работни методи, работниците во производство ќе добијат 1500 евра месечно или 18.000 годишно.

knauf inisulation

Словенечката компанија Knauf Insulation која има 500 вработени, а е во сопственост на германското семејство Кнауф, има намера да ги зголеми платите на работниците во производство за 36 отсто во текот на следните шест месеци.

Досега, нивните работници не работеа за минималец – најниската плата со додатокот за работа во смени изнесуваше околу 950 евра нето. Компанијата одлучи на своите работници во Словенија да им даде поголеми плати со цел луѓето да си обезбедат пристоен живот во земјата и да останат во Словенија. Во исто време, тие сакаат да ги убедат оние кои ја напуштиле својата татковина да се вратат.

Обезбедување на пристоен живот на висококвалификуваните и мотивирани работници и сигурната средина се една од основните предности за привлекување на странски инвестиции во Словенија.

“Таа конкурентна предност е она што сакаме да го задржиме во рамките на групацијта Кнауф“, објаснува Томас Ланишек, директор на една од водечките светски компании во областа на обезбедување материјали за изолација.

Денес, нивните работници добиваат нето плата од 1.100 евра (ова вклучува 13-та плата и регрес за годишен одмор), без додатоци за храна и превоз.

Со промената на системот на плати, организирањето на деловните и работни методи, работниците во производство ќе добијат 1500 евра месечно или 18.000 годишно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×