Словенечка компанија плаќа 250 евра на вработените ако донесат нови вработени
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Akrapovic_exhaust_installationЗемјите од поранешна Југославија стануваат се поголем  извор на работна сила за растечката словенечка економија. Поради недостатокот на работна сила во одредени професии, словенечките бизнисмени веќе некое време се свртуваат кон земјите во регионот за да бараат соодветни профили на работници. Од јули оваа година, забраната за вработување хрватски работници се укина, но недостатокот од работници е толку голем, а економијата е во пораст, па самото тргање на забраната нема да биде доволно.

Во словенечката компанија за автомобилски издувни системи Акраповиќ, недостатокот на заварувачи е решен со стимулација од 250 евра за постојните вработени кои ќе препорачаат или ќе донесат потенцијални работници. На овој начин во релативно краток период се отвориле 80 нови работни места, пополнети со работници кои доаѓаат од стручни училишта во земјите од регионот.

Ова е дел од новата стратегија која работодавците мора да ја применат ако сакаат да задржат квалитетни вработени, пишува словенечкиот весник Finance, објаснувајќи дека не е толку важно како да се привлечат вработените во компанијата, туку како да се задржат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×