Словенечка Крка со рекордни приходи од 655 милиони евра во првото полугодие
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

TRIMO trebnje  krka novo mestoСловенечката фармацевтска компанија Крка во првите шест месеци годинава оствари рекорден полугодишен приход од 655 милиони евра, што е 8,5% повеќе во споредба со истиот период лани. Нето профитот, пак, на компанијата во првата половина годинава достигна 91,7 милиони евра, што е годишен раст од 31%, објавија од компанијата по вчерашното собрание на акционери.

Дури 93% од вкупните продажби на Крка се остваруваат на странски пазари, а најголеми продажби има во земјите од Источна Европа, вклучувајќи ја и Русија. Продажбата на Крка во Русија само во првата половина годинава е зголемена за 22%, додека продажбата во Средна Европа пораснала за 9%.

Во Словенија компанијата Крка е водечка компанија во продажбата на фармацевтски и козметички производи, и на домашниот пазар во првото полугодие годинава остварила продажби од 43 милиони евра, што е годишен раст од 4%.

Управата на Крка на вчерашното Собрание на акционери го претстави и планот за преземање на помала фармацевтска компанија од Кина, со што ќе добие регистрација и можност за продажба на своите производи и во Кина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×