Словенечка Крка со рекордни продажби од 680,5 милиони евра и профит од 101 милион евра за половина година
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

KrkaСловенечката фармацевтска компанија Крка во првите шест месеци годинава имала рекордни досега продажби од 680,5 милиони евра, што е раст од 6% во споредба со истиот период минатата година.

На пазарите надвор од Словенија, Крка имала продажби од 636,1 милиони евра, што е 93% од вкупните продажби на компанијата. Најголем дел од продажбите Крка или 32,1% ги прави на пазарите на Источна Европа.

Нето добивката на Крка во првата половина годинава достигнала 101,4 милион евра, што е годишен раст од 11%.

Најголеми сопственици во словенечкиот фармацевтски гигант Крка со 39,1% се домашни физички лица, 16,2% од акциите се во сопственост на Република Словенија, 7,8% удел имаат домашните правни лица, а 23,5% се меѓународни инвеститори.

Изминатата 2017 година Крка ја завршила со продажби во вредност од 1,27 милијарди евра и нето добивка од 152,6 милиони евра.
Крка според вкупните приходи е петта по големина компанија во Словенија, додека најголема компанија е словенечкиот дистрибутер на нафтени деривати Петрол кој има приходи од 3,2 милијарди евра.

Колку за споредба најголемата компанија во Македонија Џонсон Мети има приходи од над 1,34 милијарди евра, додека втората најголема компанија ЕВН има приходи од 385 милиони евра. Македонскиот најголем дистрибутер на нафтени деривати Макпетрол има приходи од 270 милиони евра, додека најголемата македонска фармацевтска компанија Алкалоид има вкупни продажби од околу 150 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×