Словенечки Триглав отвора друштво за управување со пензиски фондови на македонскиот пазар
Објавено на од во Економија
Ова е трета компанија на домашниот пазар што ќе управува со пензиски фондови.
triglavАгенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС извести дека издаде дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија  за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.
„Заедно со дозволата Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде и условни одобренија  за управување со задолжителен пензиски фонд и за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав“, се вели во соопштението.
Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија.
Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×