Словенечки „Вечер“: ЕУ повторно се загрижи за Западен Балкан поради Русија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Словенечкиот весник „Вечер“, по повод состанокот за Западен Балкан во Берлин, оценува дека спречувањето на растечкото влијание на Русија е всушност причината поради која Европската унија „ненадејно почнала“ да се грижи за регионот.
balkanpin-400x260-36783-53125ЕУ има „историја на заборавања“ на Балканот, војните во регионот беа работа на НАТО, а не на ЕУ, напоменува „Вечер“ и го поставува прашањето, што е тоа што се променило.
Мариборскиот весник во текстот под наслов „Европски Балкан“, истакнува дека Русија и Кина почнале да го расчистуваат патот на стариот континент, додека САД, како што изгледа, се откажаа од него.
Во тој контекст, „Вечер” потсетува и на други промени на европскиот континент, како што е руската анексија на Крим, појавата на Турција како нова сила и мигрантската криза.
Иако, спорот меѓу Белград и Приштина, беше во центарот на самитот во Берлин, организиран по иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, тој состанок, според оценката на весникот, носи поголемо значење.
„Србија и Косово не се единствените земји што „го тресат Балканот“. Северна Македонија е како буре барут. Црна Гора, како и Србија, се соочува со антивладини протести, Хрватска е релативно нестабилна пред есенските избори, а за БиХ да не се ни споменува“, пишува „Вечер”.
Весникот забележува дека ЕУ сé уште не знае што да прави со Балканот.
-Од една страна, се плашат од нестабилност, а од друга од проширувањето, особено имајќи го предвид подемот на радикалната десница. Во блиска иднина, нема да има носење на одлуки, а сигурно не пред изборите за Европскиот парламент, заклучува мариборски „Вечер“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×