Словенечките инвестициски фондови “тежат“  75 пати повеќе од македонските
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Инвестициските фондови во Словенија менаџираат  со хартии од вредност што во моментов вредат 2,4 милијарди евра, додека кај македонските портфолиото вреди  околу 32 милиони евра

Според податоците на словенечката Агенција за тргување со вредносни хартии, во период од осум години вкупната вредност на имотот на словенечките инвестициски фондови паднала за една петтина и на крајот од февруари годинава изнесувала 2,38 милијарди евра, пренесуваат тамошните медиуми.

Сепак, треба да се истакне дека по прилично непроменетите нивоа во 2012 и 2013 година, вкупната вредност на вложувањата во последнава година дена пораснала за 28%. Најголем придонес во тоа има растот на вредноста на вложувањата во акции (+31%).

Во структурата на вкупниот имот предничат акциите со 74,2%, потоа обврзниците со 11,4%, вложувањата во други отворени инвестициски фондови (7,1%), готовина (3%), депозити и кредити (2,5%) и на останати облици на вложувања 1,8%.

Вредноста што словенечките инвестициски фондови ја имаат во домашни акции денес е доста пониска. Во однос  на октомври 2007, кога вредноста на фондовите достигна историски максимум, денес вредноста на вложувањата во домашни акции е помала за дури 69%.

Колку за споредба, со над 32 милиони евра, пари од вложувачите, управуваат инвестициските фондови во Македонија. Оваа сума е за 2,5 пати зголемена минатата година во споредба со 2013. За тие пари фондовите во 2014 година успеале да добијат принос и до 20%. Сепак, заради понискиот животен стандард и далеку понеразвиената култура на инвестирање во фондови, Македонија има за цели 75 пати помала вредност на фондовите одошто Словенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×