Словенечките компании лидери во регионот, македонските остануваат најмали
Објавено на од во COVER STORY

selling-to-big-companies 941 WEBТоп 30 компании на Балканот

На листата 30 најголеми компании во регионот има само една компанија од Македонија. Џонсон Мети со приходи од 1,34 милијарди евра е единствената компанија од Македонија која може да се споредува со големите играчи во регионот. Сите останати македонски компании се далеку помали од компаниите од регионот, со дури десеткратно помали приходи од продажба и профити.

 

Изминатата година беше прилично добра за земјите од Балканот. Економскиот раст во целата Југоисточна Европа изнесуваше 3%, што е забрзување од растот од 2,5% во 2015 година. Растот во најголем дел беше поттикнат од зголемената приватна потрошувачка и зголемените корпоративни инвестиции поттикнати од поволните услови за финансирање.

И додека Македонија се давеше во политичката криза, останатите земји од регионот продолжија да профитираат од зголемените странски инвестиции и од европските фондови.

Но, некако за сите земји на Балканот проблемите остануваат горе-долу исти. Неразвиена инфраструктура, големи регулативни бариери и чести промени на законите, слаби анти-монополски политики, бавно спроведување на потребните реформи, корупцијата и слабото владеење на правото продолжуваат да бидат најголеми кочничари на економскиот раст на компаниите во регионот.
Ако згора на се стави и малиот пазар, тогаш станува појасно во какви услови работат и растат приватните компании во регионот.

Капитал анализира кои се 30-те најголеми компании во регионот и кои се индустриите кои го предводат економскиот раст во регионот.

Top najgolemi regionot 2017 WEB
Неразвиена инфраструктура, големи регулативни бариери и чести промени на законите, слаби анти-монополски политики, бавно спроведување на потребните реформи, корупцијата и слабото владеење на правото продолжуваат да бидат најголеми кочничари на економскиот раст на компаниите во регионот.

Ако се анализираат од која земја доаѓаат најголемите компании, нaјбројни се компаниите од Словенија, од каде доаѓаат 12 компании, а најмалку, само една компанија има од Македонија, и тоа е Џонсон Мети. Следува Србија од каде доаѓаат девет компании, од Хрватска има осум компании, а од БиХ две компании.

На листата 30 најголеми компании од регионот најбројни се компаниите од трговијата и енергетиката. Од овие две индустрии има по осум компании. Следуваат нафта и гас од каде има пет компании, по три компании има од автомобилската индустрија, фармацијата и телекомуникациите.
Ако се анализира сопственоста на големите компании на Балканот, побројни со компаниите во странска сопственост, а следуваат компаниите во државна сопственост, која е доминантна форма на сопственост посебно кај компаниите од енергетиката.

Petrol 941 WEB

Словенечката нафтена компанија Петрол со приходи од 3,2 милијарди евра е најголема компанија на Балканот

Најголема компанија во регионот е словенечката нафтена индустрија Петрол, која лани работела со вкупни приходи од 3,2 милијарди евра, што е речиси третина од вкупните приходи од 8,9 милијарди евра кои лани ги направиле 200-те најголеми компании во Македонија.

Се чини дека автомобилската индустрија ги користи стратешките предности од отворањето фабрики во регионот – обучена и евтина работна сила, ниски трошоци на производство, дарежлива државна помош и лесен пристап до европските пазари, заради што  остваруваат исклучителен раст на приходите и профитите. На листата 30 најголеми компании во регионот има три компании од автомобилската индустрија.

Лидер во индустријата за автомобилски делови во регионот е Џонсон Мети, кој со приходи од 1,34 милијарди евра е шеста најголема компанија во регионот.
По него следува Фиат Србија, која со приходи од 1,1 милијарда евра е 11 компанија на листата 30 најголеми компании во регионот.
Следува словенечки Ревоз, во сопственост на француски Renault, каде се произведуваат патнички автомобили и лесни комерцијални возила, со приходи од  1,08 милијарди евра е 12 по големина компанија во регионот.

Најголема корист од зголемената приватна потрошувачка во регионот имаат компаниите од трговијата, посебно оние трговци ланци кои се подобро позиционирани и имаат подобра логистика во поширокиот регионот. На листата 30 најголеми има седум компании од трговијата.
Најголема компанија од трговијата е словенечки Меркатор, кој лани работел со приходи од 1,34 милијарди евра, но со загуба од 77 милиони евра. Втора е Меркатор-С во Србија со приходи од 897 милиони евра, а трета Делхаизе Србија со приходи од 698 милиони евра. Овие трговци ланци според приходите кои ги прават се неколкукратно поголеми во споредба на пример со најголемиот играч во трговијата во Македонија, ланецот маркети Кам, кој лани работеше со приходи од 101 милион евра, додека втората најголема компанија Тинекс лани имала годишни приходи од 92 милиони евра.

Од енергетиката доаѓаат осум компании на листата 30 најголеми компании во регионот. Најголемо е државното јавно претпријатие Електропривреда Србије (ЕПС) која лани работела со вкупни приходи од 2 милијарди евра и профит од 71,2 милиони евра. Втор на оваа листа е регионалниот трговец со електрична енергија ГЕН-И со вкупни приходи од 1,65 милијарди евра, а трета е Холдингот Словенске Електране со приходи од 1,29 милијарди евра.
За споредба, најголемата компанија од енергетиката во Македонија е дистрибутерот на електрична енергија ЕВН, која лани имала приходи од 385 милиони евра, која е втора најголема компанија во Македонија според остварените приходи во 2016 година.

Нафтената индустрија продолжи да се соочува со намалени приходи заради неповолните услови и ниските цени на нафтата на светските пазари.

Од индустријата нафта и гас има пет компании на листата најголеми. Најголема од нив е словенечката Петрол, која лани работела со вкупни приходи од 3,2 милијарди евра. Втора најголема компанија од оваа област е хрватската нафтена компанија ИНА, која лани работела со приходи од 1,99 милијарди евра, а трета е државната нафтена компанија НИС од Србија со вкупни приходи од 1,5 милијарди евра.

Колку за споредба, најголемата компанија од индустријата на нафта и гас е ОКТА со годишни приоди од 310 милиони евра, која е далеку помала од овие гиганти.

TRIMO trebnje  krka novo mesto

Словенечката фармацевтска компанија Крка лани работела со приходи од 1,1 милијарда евра

На листата има и три компании од фармацијата, две од Словенија и една од Хрватска. Најголема е словенечка Крка која лани работела со вкупни приходи од продажба од 1,15 милијарди евра и профит од 102,9 милиони евра. Втор е словенечки Лек со приходи од 901 милион евра, а трета е хрватската Плива со годишни продажби во вредност од 561 милион евра. Приходите на овие регионални фармацевтски гиганти се неколкукратно поголеми ако се споредат со приходите на најголемата фармацевтска компанија во Македонија, Алкалоид, која лани имала консолидирани продажби од 134 милиони евра.На пример, приходите на најголемата в регионот Крка се речиси десеткратно поголеми во споредба со приходите на најголемиот фармацевт во Македонија, Алкалоид.

Во областа на телекомуникациите, од каде на листата 30 најголеми има три компании, најголеми приходи прави Хрватскиот Телеком од дури 812 милиони евра. Втор е Телеком Србија со приходи од 760,0 милиони евра, а трет е Телеком Словенија со вкупни приходи од 677,1 милион евра.
Во Македонија, најголема компанија во областа на телекомуникациите е Македонски Телеком, кој лани работел со вкупни приходи од 173 милиони евра, а второрангираниот ОНЕ.ВИП има годишни приходи од 123 милиони евра.

Големи и профитабилни

Ако се анализира профитот со кои работеле најголемите компании на Балканот лидер е хрватската енергетска компанија Хрватска Електропривреда со профит од 175,2 милиони евра.
Втора е Нафтената индустрија на Србија која лани работела со профит од 130,6 милиони евра, а трет е Телеком Србија со профит од 123,2милиони евра.

jonsom-meti 941 WEB

Џонсон Мети со приходи од 1,34 милијарди евра е шеста по големина компанија во регионот и единствена од Македонија која може да се споредува со големите регионални играчи.

Џонсон Мети од Македонија е четврта најпрофитабилна компанија меѓу 30-те најголеми компании од регионот, кој лани работел со профит од 121,3 милиони евра.

Хрватскиот Телеком лани имал петти по големина профит од 120,2 милиони евра, а словенечкиот фармацевтски гигант Крка работел со профит од 102 милиони евра.

Најмал профит од 30-те најголеми има Горење, кој лани работел со профит од само 3,7 милиони евра иако остварил приходи од продажба од 732,4 милиони евра.

Сите други компании на листата 30 најголеми имаат профити помали од 100 милиони евра. Вкупно сите заедно лани оствариле профит од 1,34 милијарди евра.
Само четири компании од 30-те најголеми лани работеле со загуба. Најголема загуба имаа двете компании на Меркатор во Словенија и Србија, кои од пред некоја година се во сопственост на хрватскиот гигант во пропаѓање Агрокор.
Така словенечкиот Меркатор има најголема загуба од 77,4 милиони евра, додека Меркатор-С во Србија лани работел со загуба од  14,6 милиони евра. Загуба од 4,3 милиони евра има и словенечкиот трговец Енрготуш, а српскиот државен дистрибутер на електрична енергија ЕПС работел со загуба од 3 милиони евра.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×