Словенија сериозен кандидат за локација на фабрика за индустриски роботи
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Словенија е сериозен кандидат за локација на новата европска фабрика на јапонскиот производител на индустриски роботи, Yaskawa, објави претседателот на европскиот огранок на оваа компанија, Бруно Шнекенбургер. Словенечко Дело пишува дека ако Словенија биде изборот на Јапонците, при што конкуренти ѝ се Словачка, Чешка и Полска, тоа ќе значи 200 нови работни места за Словенците. Одлуката се очекува следната година.

„Проектот е голем предзивик и е инвестиција меѓу 35 и 40 милиони евра, што покрај квалитетни работни места, на Словенија ќе ѝ донесе можност за развој преку можна соработка со институтите и факултетите. Ако Yaskawa се одлучи за Словенија, таа ќе стане важен европски центар за производство на роботи“, изјави менаџерот на Yaskawa Словенија, Хуберт Кослер. Тој сега очекува соодветна поддршка од словенечката Влада во форма на стимулативен пакет за привлекување странски инвестиции. Според Кослер одлуката на Јапонците зависи токму од овие поттици на државите меѓу кои конкуренцијата е жестока.

Инаку, Yaskawa Electric Corporation, е најголема компанија во светот за производство на индустриски роботи, која го измислила концептот на мехатроника, и има годишен обрт од скоро 3 милијарди евра. Словенечкиот дел (Yaskawa Slovenija и Yaskawa Ristro) вработува над 120 луѓе и има силен раст на продажбата – од 2011 годишно околу 30%. Лани словенечка Yaskawa имала приходи од 25 милиони евра, а оваа година очекуваат 35.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×