Словенците донесоа закон Лекс Меркатор
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Mercator 912 WEBСловенија ќе го спасува Меркатор од хрватскиот газда Агрокор 

Само неколку дена откако Хрватска го донесе законот за спас на Агрокор, наречен Лекс Агрокор, словенечката влада донесе сличен закон за заштита на претпријатија од системско значење, кој во јавноста веднаш го доби името Лекс Меркатор. Со предложениот закон Словенците фактички ја штитат компанијата од системско значење за земјата од нејзиниот мнозински сопственик Агрокор, кој е де факто неликвиден, објаснуваат од словенечката влада.

 

Само неколку дена откако Хрватска го донесе законот за спас на Агрокор, наречен Лекс Агрокор, словенечката влада донесе сличен закон за заштита на претпријатија од системско значење, кој во јавноста веднаш го доби името Лекс Меркатор.

Како што објаснија словенечките власти, законот се носи со цел да се спречи хрватскиот гигант Агрокор кој е во големи финансиски проблеми да извлекува пари од словенечкиот ланец на маркети Меркатор, каде Агрокор е мнозински сопственик на капиталот.
Со предложениот закон Словенците фактички ја штитат компанијата од системско значење за земјата од нејзиниот мнозински сопственик Агрокор, кој е де факто неликвиден, објаснуваат од словенечката влада.

Содржината на овој предлог-закон кој се очекува експресно да биде усвоен од Собранието, го претстави од министерот за економски развој Здравко Почивалшек, кој објасни дека тој се однесува на компании од системско значење кои вработуваат најмалку 6.000 луѓе во Словенија и имаат приходи од продажба поголеми од една милијарда евра.

Со овој предлог исто така се утврдува дека владата може, ако е мнозински акционер во стечајната постапка, да му предложи на Судот, во компанијата од системско значење да постави привремен член на управата. Придружниот член на управата ќе нема овластувања да го вори редовното работење на компанијата.

Министерот Почивалшек ја убедуваше словенечката јавност дека работењето на Меркатор засега е стабилно и дека законот не значи дека тоа е загрозено, туку дека овој закон се носи превентивно.

Според податоците за 2015 година, покрај Меркатор, условите да бидат прогласени за компании од системско значење за земјата кои би можеле да бидат заштитени од државата , ги исполнуваат нафтената компанија Петрол, трговецот со електрична енергија Ген-И, холдингот Словенске Електране, фармацевтската Крка и производителот на автомобили Ревоз.

Меркатор е најголем работодавец во Словенија, кој вработува повеќе од 10.000 луѓе, а во целиот ланец на снабдување обезбедува околу 100.000 работни места. Законот во Словенија доаѓа по притисокот на словенечките добавувачи на Агрокор, кои од владата бараа да го заштити Меркатор.

Словенечките добавувачи оформија одбор за комуницирање со Агрокор. “Словенечките добавувачи на Агрокор и Меркатор ќе продолжат да ги бранат своите позиции, но веројатно ќе мораат да се согласат на отпис на дел од побарувањата”, смета Хрибар Милич, петседател на Стопанската комора на Словенија.

Todoric 912 WEBДали Србите ќе ги спасуваат фирмите на Агрокор во Србија?

“Засега нема потреба Србија да усвојува закон Лекс Меркатор каков што донесува Словенија”, вели министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајич.
Тој изјави дека со оглед на големината на Агрокор, секоја држава во регионот во која е тој присутен, има интерес за ги заштити вработените, добавувачите и да обезбеди стабилно работење на компаниите. За таа цел во средата во Белград се одржа регионална средба на надлежните министри од сите земји во кои работи Агрокор со цел да се најде решение на проблемите кои ја засегаат секоја земја.

Српските власти информираат дека е формирана и посебна министерска група која ја прати ситуацијата, а не се исклучува ниту можноста за заеднички состанок со Агрокор и претставници на Владата на Хрватска.

Тој потсетува дека Словенија го усвоила Лекс Меркатор со цел да се заштити од извлекување на парите од Меркатор за подмирување на долговите на Агрокор.

“Засега кај нас нема потреба за тоа, но ако биде потребно ќе направиме се за да ги заштитиме вработените, стабилноста на компаниите, добавувачите кои ги има повеќе од 660, од кои дури 490 се мали фирми. Ако се укажат индиции дека се извлекуваат пари, тогаш и ние треба да посегнеме по истото решение како и Словенија”, објаснува Љајиќ, додавајќи дека Агрокор, само во Србија вработува 11.200 вработени. Околу 78% од работењето на Агрокор во Србија отпаѓа на Меркатор С, која е трета по големина компанија во Србија, според големината на приходите во 2015 година, а 20% е учеството на останатите компании.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×