Словенците градат куќи на Крк со дигитални пари, а биткоин лудилото ги тресе и Хрватите и другите во регионот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

bitcoin-bitcoin-cash-hard-fork 933 WEBНов начин на инвестирање

Напредната технологија на „паметни договори“ годинава само во сферата на финансирање страртапи по волумен ги надминала традиционалните начини на прибирање капитал. Само во првите шест месеци од оваа година во светот се собрани 1,27 милијарди долари со продавање на биткоини и на други криптовалути

 

Кина ја протресе криптовалутната сцена со забраната за собирање капитал преку иницијални јавни понуди на коини, но ICO практиката во светот веројатно нема да загуби на популарност, со оглед што ваквото финансирање е многу поедноставно отколку на регуларните берзи (со јавни понуди на акции), и многу поевтино.

„Денес, ако имате добра идеја, полесно и побрзо е од кога и да е да се дојде до средства за реализација преку ICO паметните договори. Освен тоа, ако имате биткоини или етериуми, инвеститор може да станете за пет минути“, вели косопственикот на хрватската биткоин берза BitKonan, Томислав Вајиќ.

Напредната технологија на „паметни договори“, вели Вајиќ, годинава само во сферата на финансирање страртапи по волумен ги надминала традиционалните начини на прибирање капитал. Само во првите шест месеци од оваа година во светот се собрани 1,27 милијарди долари со продавање на биткоини и на други криптовалути, објави неодамна CNBC. Во регионот на поранешна Југославија, Словенците веќе работат ICO проект Xaurum за изградба на куќи на островот Крк.

Потребни се прецизни правила

Меѓутоа, на некои држави им пречи овој начин на финансирање за кој уште нема прецизни правила. Кинеската централна банка, како што кажавме, забрани компаниите да прибираат капитал преку ICO, што создаде паника меѓу инвеститорите и ја урна цената на речиси сите криптовалути. Но, погоре цитираниот Вајиќ тврди дека Кина нема целосно да забрани ICO, бидејќи се работи за супериорна технологија, туку оти ќе спроведе одредена регулација на овој сектор. Во контекстот, кинеските регулатори велат дек забраната на ICO е веројатно само прва во низата строги мерки за надзор и за регулирање на пазарот на криптовалути.

„Регулацијата е нужна, зашто многу од овие ICO се измами или недостасуваат многу релевантни информации за потенцијалниот инвеститор да може правилно да одлучи“, вели Вајиќ.

Цената на најпопуларната криптовалута, биткоинот, од почетокот на годината полета од 1.000 долари, за неодамна да ја допре цената и од 5.000 долари, по што следеше пад на вредноста. Веста за одлуката на кинеските власти имаше ефект на студен туш и цената на биткоинот падна на околу 4.300 долари, но и покрај падот од рекордното ниво инвеститорите и натаму се оптимистични.

Биткоинот е новото злато – сигурно пристаниште во време на нестабилност

„Слична ситуација имаше пред три години. Биткоинот дојде во фокусот, па сите му се нафрлија и цената нагло му порасна, па му падна. Потоа две години траеше консолидацијата. И сега повторно е во фокусот. Сите сакаат да го купат“, напоменува Вајиќ.

Говорејќи за ситуацијата во друга држава од регионот, неговата Хрватска, Вујиќ вели дека таму биткоинот се користи како инвестициско, а сѐ уште не како платежно средство. Хрватите, вели тој, вложуваат во биткоин бидејќи се надеваат на зголемување на цената.

„Имаме над 15 илјади корисници во Хрватска и до 50 илјади долари промет дневно“, вели Вајиќ.

Криптовалутите станаа сериозна инвестиција, а дека тоа е така покажува и тоа што за биткоинот се заинтересираа и големи играчи, како фондовите и банките. Политичката несигурност во светот, се чини, само придонесува за еуфоријата.

„Наглиот раст во последно време е поттикнат со влегувањето на инвестициските банки и фондови на пазарот на криптовалути, и со големата политичка нестабилност. Од оваа перспектива, биткоинот, а и другите криптовалути, на златото сѐ повеќе му го земаат приматот на сигурно пристаниште во време на нестабилност“, заклучува Вајиќ.


michelleiom0841 WEB 933Во Дубаи станови за новата класа богаташи-криптовалуташи ќе се купуваат за биткоини

Кога веќе го споменавме словенечкиот ICO проект Xaurum за изградба на куќи на островот Крк, не можеме да го премолчиме проектот со биткоини и со недвижнини што одекна светски. Имено, британската претприемачка и политичарка, а притоа и бароница, Мишел Мон, почна голем градежен проект во рамките на Science Park во Дубаи.  Од над илјада достапни станови од проектот, околу 750 ќе може да се купат со плаќање со биткоини. Мон и нејзиниот бизнис и животен партнер, Даг Барумен, одлучија дел од становите да ѝ го понудат на новата класа богаташи, на биткоин милионерите, кои се збогатиле со тргување со виртуелните криптовалути. Гарсониера од проектот може да се купи за веќе 30-33 биткоини, еднособен стан за 54 од најпознатата криптовалута, додека двособен за околу 80-85 биткоини (последнава цена, на пример, според вредноста на биткоинот во моментот на подготвување на текстов е околу 390 илјади долари (за 85 биткоини)). За да се избегнат осцилациите во вредноста на биткоинот, кои не се ниту мали, ниту ретки, цените на овие станови ќе бидат фиксни во долари, и претворени во вредност во биткоини на денот на купувањето.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×