Случајот “Маѓар Телеком” продолжува да се одолговлекува – обвинителите на СЈО не дојдоа на денешното рочиште
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СЈОДенешното рочиште за случајот “Маѓар Телеком” e одложено по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Судијката Ленка Давиткова како причина за одложувањето ја навела обемноста на доказниот материјал за предметот во кој се обвинети тројца поранешни диркетори во Македонски Телеком.  Ова требаше да биде прво рочиште во кое случајот требаше да го застапува СЈО, откако неодамна го презема од Основното јавно обвинителство.
Следното рочиште за случајот “Маѓар Телеком” е закажано за 25 јануари следната 2019 година.

Во случајот кој е заглавен повеќе од седум години во македонските судски лавиринти се обвинето Атила Сендреи, Ролф Плат, Михалис Кефалијанис и Золтан Кишјакус склучувале фиктивни договори со консултанстката фирма Чептек Холдинг Лимитед од Кипар и на тон начин ги оштетила Македонски Телеком и државата, како втор најголем сопственик после унгарскиот Маѓар Телеком, кој поседува 51% од македонската најголема телекомуникациска компанија.

Иако случајот Маѓар Телеком е формално отворен во Обвинителството откако полицијата поднесе кривични пријави против поранешни странски директори во „Македонски телеком“ во 2011 година, истрагата никогаш не била проширена на домашните актери. И додека предметот “Маѓар Телеком” во Македонија е се уште во фаза на доказна постапка, односно сослушување сведоци, во САД тој доби конкретна завршница.

Во 2011 година SEC, американското регулаторно тело за пазарот на капитал ја казни компанијата „Маѓар телеком“, која ја призна вината и се согласи да плати казна од 95 милиони долари за кривичните пријави дека компанијата поткупувала владини и политички функционери во Македонија и Црна Гора за да добие бизниси и да ја исклучи конкуренцијата во телекомуникациската индустрија. Во обвинението на SEC пишува дека тројца поранешни високи функционери во Маѓар Телеком го организирале, го одобриле и извршиле планот за поткупување на функционери во Македонија во 2005 и 2006 годиназа да се спречи влез на нов оператор на пазарот и за да се стекнат со други регулаторни поволности. Подружницата на Маѓар Телеком во Македонија направила незаконски исплати во износ од околу 6 милиони доларипреку договори за маркетинг и консултантски услуги. Истите директори ја организирале и втората шема во 2005 година во Црна Гора поврзана
со купувањето на државниот телеком во земјата. Маѓар Телеком преку четири договори ислатил околу 9 милиони долари на владини претствници во Црна Гора.

Истрагата во американскиот суд го покрива периодот од 2000 до 2005 година, кога наводно според информациите од интерната истрага на Дојче Телеком преку Маѓар Телеком биле исплатени околу 40 милиони долари на консултантски и лоби компании за да се спречи либерализацијата на телеком пазарите во Македонија и Црна Гора.

Во април 2017 година американската SEC објави дека поранешните директори во унгарската Маѓар Телеком, Елек Штаруб и Андрас Балог ја признале вината и се согласиле да платат казни од 250 илјади долари, односно 150.000 долари заради тоа што го прекршиле законот Foreign Corrupt Practices Act (FCPA), кој важи за компанијата Дојче Телеком и за нејзините подружници, бидејќи германскиот Дојче Телеком котира на Њујоршката берза.

. Во февруари 2017 година, и трет директор од Маѓар, Тамас Морваи се согласил да плати казна од 60.000 долари. Според информациите од SEC, тројцата директори ги прекршиле правилата со “склучување на консултантски договори со субјекти поседувани и контролирани од грчки посредник” за да извршат исплати од околу 5,3 милиони долари, за кои знаеле или би требало да знаат дека ќе завршат кај македонски официјални претставници.

Маѓар Телеком, кој е во сопственост на германскиот Дојче Телеком, поседува 51% од Македонски Телеком преку фирмата Каменимост Комуникации, додека македонската држава поседува 38% од компанијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×