„Слушајте  ги потрошувачите – тие ги донесуваат трендовите“
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС
PrintОднесувањето на потрошувачите и нивните очекувања се менуваат побрзо отколку што очекувате. Затоа, потребно е истите да се препознаат претходно, пред да се одразат на нашиот бизнис или работење. Како? Излезете им во пресрет на клиентите преку постојаните иновации и усовршување на вашите производи или услуги. А најважно од се – Третирајте ги сите заинтересирани како да вредат милион долари.

 

Ние, како Маркетинг Агенција постојано се трудиме да ги следиме глобалните трендови и иновации. Сведоци сме дека се наоѓаме во опкружување каде промените се брзи, заради  тоа бизнисите и луѓето кои се занимаваат со маркетинг треба да станат посматрачи на потрошувачите  кои ги донесуваат трендовите.

Сите кои сакаат да опстојат и напредуваат во својот бизнис треба да ги прифатат  глобалните  трендови во маркетингот и да го насочат својот фокус на:

1) Понуда на услуга/ производ која на луѓето ќе им го олесни животот , посебно со помош на интернетот.

2) Компаниите да бидат присутни насекаде, во секој момент (на социјалните мрежи, во списанија, на билборди, форуми, блогови)

3) Поврзување на  луѓето со личности кои делат исти интереси

4) Промена на сопствената компанија од внатре (организација на тим, нови услуги, ефективно менаџирање на време за извршување активности…)

5) Да бидат различни и непредвидливи (нудете решенија кои ве прават различни од другите)

6) Ризикувајте и правете промени

Баш како што Колин Тарнер во една од приликите кажа: “Дарвинизмот не се однесува на преживување на најсилните, туку се однесува на снаоѓање на оние што највеќе ќе се адаптираат на промените.“

bigstock-analytics 943 WEBКако да се подготвиме за новата година? Какви промени и предизвици треба да направите во 2018?
1.Дајте и нова перспектива на продажбата и промоцијата.

Променете ја стратегијата на која досега бевте навикнати. Иако е тешко и сите тешко прифаќаат промени, наведете го тимот а воедно и вие да користите нови алатки и канали за продажба кои се модерни и го олеснуваат животот на сите. Најпрво проучете ги типовите потрошувачи (срамежливи, гласни, неодлучни, арогантни, ситничари, нетрпеливи) и прилагодете се вие и вашиот концепт за презентација на производите/услугите според нивните барања.

“Нахранете ги“ со доволно информации. Нека знаат дека нивните потреби со купување на вашиот производ ќе бидат задоволени.

content-design-website-mobile 943 WEB2.Посветете се на квалитетна содржина ( Content Marketing)

Квалитетната содржина никогаш не излегува од мода. Луѓето читаат кога нешто им е од интерес. Особено ако низ текстовите нудите креативни идеи, решенија за нивните проблеми или откривате како одреден производ може да им го поедностави животот.

Кај фотографиите, видеата и банерите тоа не е случај. Во поново време кај луѓето се разви таканаречено “слепило“,истите ги игнорираат бидејќи препознаваат дека е реклама. Променете ја стратегијата за тоа да не биде така. Да погледнеме како…

Сте се запрашале ли досега  какви треба да бидат видеата, текстот, фотографиите и банерите кои се прикажуваат на интернет? Има ли нешто специфично кај нив?

Како треба да изгледа текстот на вашиот блог, социјални мрежи, веб страна итн??

Текстот на блоговите треба да потсеќа на тајмлајн од социјалните мрежи, во него постојано да се случува нешто ново. Да биде мешавина линкови, слики, видеа, наслови, поднаслови, болдирани зборови.

Кога се вели “наслов“, луѓето обично мислат на нешто “скандалозно“. Да биде мамец кој ќе ги привлече луѓето да кликнат на линкот од одреден портал. Тој служи за луѓето да донесат одлука дали да читаат понатаму или не.

Насловот мора да биде ветувачки, дека ќе обезбеди подобар живот или ќе се случи револуционерна промена во човековиот живот ако продолжат да читаат.

За да биде успешно креиран и читан придржувајте се до следните правила за пишување. Зошто CNN, BBC, Guardian го прават тоа. Пример:

  • ШИРИНА НА РЕД: 8О КАРАКТЕРИ
  • ПРАЗЕН ПРОСТОР (МАРГИНИ колку 2 големи букви)
  • ВИСИНА НА ПАРАГРАФ:  3-4 РЕДА (6-7 повремено и поретко)
  • БОЛДИРАЊЕ (од време на време)
  • НАСЛОВ И ПОДНАСЛОВ (еден збор да открива 1000 мисли)
  • ФОНТ ( ДА НЕ БИДЕ СИТЕН, ЗБИЕН…)
  • Внимавајте со типографијата – користете не повеќе од два фонтови за контраст во текстот.
  • Повремено ставајте фотографии, видеа, GIF анимации…

Видеата треба да бидат не подолги од 20 секунди. Пораката да биде кратка и јасна. Изгледот да биде модерен и привлечен.

Фотографиите – од аспект на еден графички дизајнер во превод тоа би значело, истите да бидат изработени во соодветна димензија и резолуција (зависно каде се објавува: социјални мрежи, youtube канал, веб страна, за комерцијален текст на некој блог…) , со привлечен дизајн и претходно осмислен изглед врзан за одредени кампањи или промоции. Може да имаат боја како боите на вашето лого, да ставите боја водејќи се според психологија на бои итн.

recherchiere 943 WEB3.Користете SEO оптимизација (Search Engine Optimization)

Тој спаѓа во категорија непрекинувачки маркетинг. Да речеме, луѓето пребаруваат и истражуваат на Google со клучни зборови за она што им е од интерес или потреба. На овој начин, не сме прекинати и вознемирени како што е случајот со рекламите на ТВ (прекинувачки маркетинг). Додека гледате нешто да почнат  па да се изреволтирате и веднаш да почнете со менување на канали.

Доколку го оптимизирате вашиот сајт поголема е веројатноста дека на Google ќе бидете повисоко рангирани и луѓето побрзо ќе ве најдат.

canstockphoto 943 WEB4.Групи, форуми, блогови. Ориентирајте се кон оваа група на луѓе.

Коментирајте во форуми, одговарајте на прашања, отворете тема на разговор поврзана за вашите производи/услуги, поставете линкови од своите веб страни или линкови од страниците на социјалните мрежи како одговор на прашањата на членовите итн…

5.Користете социјални мрежи.

Одредете каде е вашата таргет публика. Дали на Facebook, Instagram, Twitter, Pinterest… Следете ги правилата за промоција.

Користете платени реклами за зголемена видливост на вашиот бренд, поттикнете комуникација со постови кои ја повикуваат публиката да се вклучи во некаква активност (споделува или коментира), дополнете со анимирани објави кои ќе ги забавуваат, креирајте корисни апликации, бидете брзи во враќање на одговори на нивните прашања. Така ќе постигнете brand awareness и зголемување на продажбата.

Design Website Create Template Layout Concept6.Веб страна – Трендовите одат напред.

Не дозволувајте да останете без веб страница. Направете ја интерактивна и модерна. Вметнете во неа блог секција за новости и можност за поголем опис на производите или услугите кои ги нудите.

Ако продавате повеќе артикли обезбедете онлајн продажба со електронска наплата, chat за корисничка поддршка и поставување прашања. За да биде повидлива оптимизирајте ја и линкувајте  ја со социјалните мрежи.

На истата нека има можност за “повик на акција“. Моментот кога од луѓето бараме нешто да направат :

  • да остават меил адреса (за да ги информирате за новитети, да пратите News Letter),
  • да повикаат некого на телефон,
  • да купат некој производ (Да го притиснат “жешкото копче“ – КУПИ).
7.Live Streaming – Луѓето сакаат да бидат информирани на време.

Потрудете се да им го обезбедите тоа. Секогаш кога правите нешто ново, имате промоција, настан, акции на производи или слично пренесете го нештото веднаш и во живо.

cassa-supermercato 943 WEB8.Соработувајте со инфлуенсери и блогери – Направете го вашиот бренд популарен.

Изберете одредена личност која е соодветна и може да ја поврзете со вашите услуги/производи. Дајте и можност на својот канал, блог, профил на социјалните мрежи да го изрекламира производот како препорака.

Не дозволувајте да бидете заборавени. Ниту еден бренд не смее да си дозволи да не се рекламира. Практикувајте  новитети и следете ги трендовите. Истражувајте кој канал најмногу го следат вашите потрошувачи, како да го задржите нивното внимание, како да останат редовни корисници, како неагресивно да продавате низ харизматична продажба…

Бонус совет:

Слушајте ги своите потрошувачи, прилагодете се на нивните барања, бидете секогаш подготвени за промени и како што на почеток кажавме  третирајте ги сите заинтересирани како да вредат милион долари.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×