„Смарт“ часовниците по продажба ги надминаа „швајцарците“
Објавено на од во hi-tech & business

Паметните часовници (како Apple Watch) ги надминале швајцарските часовници по продажба, соопшти аналитичката компанија Strategy Analytics. Само во последното тромесечие од 2015 година се продале 8,1 милиони паметни часовници, што е раст од 316% во однос на истиот период од 2014. За споредба, во последниот квартал на 2015 година се продале 7,9 милиони швајцарски часовници, што е пад од 4,8%.

Најмногу паметни часовници купуваат Американците, па Западноевропејците, па Азијците. Најпродаван во категоријата е Apple Watch, со удел од 63%, а го следи Samsung со 16%.

„Индустријата на швајцарски часовници реагира многу бавно во однос на паметните часовници. Таа едноставно ја нурна главата во песок, и се надеваше дека паметните часовници ќе исчезнат“, коментира извршниот директор на Stratey Analytics, Нил Маустон. Од компаниите што произведуваат традиционални часовници неколку претставија паметни часовници, но имаат удел од само 1% во сегментот.

Според Strategy Analytics, Apple лани продал околу 13,6 милиони паметни часовници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×