„Смисла на мојот живот е да сторам сѐ за Русија“ – Путин по четврти пат стапи на должноста претседател
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Русија, Владимир Путин, кој со денеска дадената заклетва во Кремљ по четврти пат стапи на должноста претседател, изјави дека за смисла на својот живот го смета тоа да стори сѐ за Русија.

„Во овие минути, стапувајќи на должноста претседател на Русија, особено ја разбирам огромната одговорност пред секого од нас, пред нашиот мултинационален народ, одговорноста пред Русија, земјата на грандиозни подвизи и победи, пред илјадагодишната историја на руската државност и на нашите предци. Нивната храброст, неуморната работа, светиот однос кон родната земја, се вечен пример на верност кон татковината“, изјави Путин на церемонијата.

Тој изјави дека го смета за свој долг и за „смисла на својот живот“ да стори сѐ за Русија, за нејзината сегашност и иднина.

Путин додаде дека ќе стори сѐ за да ја зголеми силата, развојот и славата на Русија, како и оти безбедноста и одбранбената способност на земјата се обезбедени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×