Со 14 илјади активни ИТ компании со 75 илјади вработени
Објавено на од во Бизнис и политика

Romanija-876Романија прераснува во европски технолошки центар

Во државата која има повеќе инженери по глава на жител од САД, Индија, Кина или Русија, има јаки традиции во технолошката експертиза уште од времето на Чаушеску, а во автомобилската индустрија благодарение на Dacia

 

Романија се претвора во една од најактивните технолошки оски на Европа, каде информатичките  и другите технологии се развиваат брзо благодарение на висококвалификуваната работна рака и една од најбрзите интернет врски во светот, пишува Reuters.

Ако се земат предвид мислењата на актерите во секторот, патот кон сѐ побрз развој минува преку одредување неколку основни приоритети – на пример, развивањето на софтвер за автомобилската индустрија и нудењето на глобални услуги.

Мултинационалните компании како Oracle, IBM и Intel веќе нудат кориснички сервиси во Романија, а и прават аутсорсинг на бизнис процесите и развиваат софтвери во државата.

Освен тоа, голем број млади претприемачи создадоа голем број стартапи, со што се генерираше иднустрија со обрт од 3,1 милијарди евра во 2015 година.

Клучна е автомобилската индустрија

ИТ индустријата станува сѐ поважна за романската економија, зашто околу 70% од продукцијата на секторот се извезува, и за три години веројатно ќе биде заслужна за околу 3% од БДП на државата. Извозната ориентираност на секторот е важна, зашто „романската технолошка индустрија нема никакви шанси ако развива продукти само за локалниот пазар, чии потреби заостануваат 10-15 години во однос на оние од зрелите пазари“, вели главниот извршен директор на Bitdefender, романската компанија за ИТ безбедност – една од најдобрите во светот, Флорин Талпес

Во интервју за Reuters тој уште додава дека препорачува бизнисот да се концентрира врз развојот на технолошките индустрии во државата. Таков пример е автомобилската индустрија во Романија, што е еден од основите мотори на економијата. Романија има јаки традиции во секторот благодарение на Dacia, која над 20 години е сопственост на францускиот бренд Renault и на Ford. Освен тоа, во државата има изобилство на компании производители на автомобилски делови, како и развојни центри каде доминантна тема е развојот на интелигентни автомобили.

Надежите на ИТ секторот

Друг силен сектор со потенцијал е оној на ИТ услугите, вели Талпес, директор на Bitdefender, кој препорачува локалните софтвер инженери да се насочат кон развој на производи со додадена вредност за главните мултинационални компании кои веќе работат во Романија.

Во моментов има околу 14 илјади активни ИТ компании во државата, што вработуваат околу 75 илјади луѓе, покажува истражувањето на романската ИТ асоцијација ARIES Transilvania.

Државата има традиции во технолошката експертиза откако во осумдесеттите години од минатиот век по наредба на комунистичкиот лидер Николае Чаушеску во образовниот систем приоритет се става на обуката за употреба на компјутери, на технологијата, на науката, од која особено на математиката.

Денес е неопходно застарените образовни програми да се обноват. Другите предизвици на секторот се тешкиот пристап до финансирање, недостатокот на бизнис и маркетинг знаење и вештини, и растечкиот недостиг на програмери.

И покрај ова, оптимистичките очекувања за развојот на ИТ индустрија не недостасуваат. Според прогнозите на романската Влада секторот може да достигне вредност од 2,1 милијарди евра во 2013 година, до 4 милијарди евра во 2020, со годишен раст од околу 9%.

Државата располага со повеќе инженери по глава на жител од наслението на САД, на Индија, на Кина или на Русија.

Во 2014 година странските инвестиции во романската ИТ индустрија биле со вредност од 3,6 милијарди евра.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×